ОД СВОЕ ЌОШЕ:

Не се другите одговорни за вашата среќа, туку вие самите

Опкружени сме со безброј работи во животот. На прво место ни е здравјето, бидејќи без тоа не може ништо да правиме, потоа се нижат семејството, пријателите, работата, обврските, односите со луѓето, секојдневието и безброј проблеми.

За проблемите со кои се соочуваме честопати знаеме да обвиниме други луѓе. Сепак, ова е карактеристика на оние луѓе кои немаат самодоверба, но затоа имаат големо его, толку големо што никако не им доаѓа на памет дека тие самите се виновни за она што им се случува во животот, токму поради погледот врз проблемите. Не може да ја сменат перцепцијата и да сфатат дека всушност среќата зависи од нив и од никого друг.



Дури и големиот Аристотел пред многу векови изјавил дека среќата зависи од нас самите. Кога ќе го сфатите тоа и кога ќе ја смените перцепцијата за вашиот живот и за сите предизвици со кои се соочувате, тогаш ќе доживеете вистинска среќа. Не може да сте среќни кога ќе добиете покачување на плата, затоа што еден ден таа сума нема веќе да ве задоволува. Не може да сте среќни кога вашиот партнер ќе ви каже „те сакам“, затоа што еден ден него ќе го снема од вашиот живот.

Вистинската среќа ви доаѓа тогаш кога знаете како да сте среќни кога немате ништо, а сте благодарни за она што го поседувате, без разлика што е тоа. Оние работи кои ви се случуваат со други луѓе се случуваат затоа што вие сте одредиле дека ќе имате таков однос со нив, позитивен или негативен. Никако не смеете да дозволите однесувањето на другите да влијае врз вас.

Веќе никогаш нема да се врати денешниот ден и она што сте го доживеале денес. Зошто денот да го фрлате во вода, само поради тоа што некој колега ве навредил со некој збор и да сте намќори за тоа цел ден?



Убавината доаѓа кога ќе почнете да се заблагодарувате. Заблагодарете се за тоа што тој ве навредил, бидејќи сигурно сте излегле посилни од таа ситуација. Заблагодарете се за сите ситници со кои се соочувате па макар тоа било и нешто смешно што сте го прочитале на некоја социјална мрежа. Можеби токму тоа е најдоброто нешто што ви се случило денес. Колку повеќе се заблагодарувате за убавите работи, толку повеќе ќе бидете опкружени со убави работи.

Не си го уништувајте животот дозволувајќи им на другите да го контролираат она што е ваше. Вие сте единствениот сопственик на вашиот живот и единствено вие знаете како треба да го живеете. Ако научете да уживате во свое друштво, тогаш во нечие друштво ќе ви биде уште поубаво. Но, ако еден ден го снема тоа друштво, ќе знаете дека тоа се случува за ваше добро и што е најважно – веќе ќе знаете како сами да сте среќни и исполнети.

Запомнете дека перцепцијата е многу важна во животот. Потрудете се да ја гледате позитивната страна во секоја ситуација и тоа секогаш нека биде ваш избор.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби