Лични работи кои никако не смеете да ги позајмувате

Сите знаеме дека никако не смееме на некого да ја позајмиме нашата четка за заби, но всушност постојат многу лични работи кои исто така не треба да ги споделуваме со никој друг. Кои се тие?

Кармин



Ако вашата пријателка си го заборавила карминот, со задоволство ќе ѝ позајмите ваш. Но, всушност не треба да го правите тоа. Болестите како што е херпесот може лесно да се пренесат токму преку карминот. Дури и ако личноста нема херпес, вирусот се уште може да биде присутен во усната мембрана и плунка.

Слушалки



Секоја личност има единствена бактериска флора во нејзиниот ушен восок. Без разлика дали сакаме да ги споделиме нашите слушалки со пријател, ризикуваме да ја нарушиме таа флора, но и да провоцираме ушна инфекција.

Рол-он за под пазуви



Иако роло-оните кои се наменети против потење содржат антибактериски состојки, површината која е во контакт со вашата кожа може да има бактерија. Истата може да се пренесе и на друга личност, или пак таа личност да ја пренесе својата на рол-онот, а од таму и на вашите пазуви. Сигурно не го сакате тоа.

Крпи



Главната функција на крпата е да ја апсорбира влагата од телото. Поради тоа, дури и да сте совршено здрави, зголемената влажност во купатилото ја прави крпата совршено место за бактерии.

Козметички препарати



Ножици, ноктарица, четки за шминка и ред други работи кои имаат директен допир со вашата кожа, не треба да ги позајмувате на никого. Кога ги користите подолго време, козметичките препарати може да имаат невидливи микроскопски остатоци од крв на нивните површини.

Папучи за по дома



Кога ви доаѓаат гости, гостопримливо е да им понудете домашни папучи. Но, многу подобро е наместо вашите, да им подадете некој пар на папучи кои сте ги купиле само за гости. Многу е нехигиенски да му ги понудите папучите кои вие ги носите низ дома, поголем дел од времето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби