ОД СВОЕ ЌОШЕ:

Дајте им го на децата сексуалното образование кое очајно им треба

Денешнава младина повеќе од половина од времето го поминува во сурфање на интернет. Социјалните мрежи, интернет порталите, форумите се главните „обврски“ кои ги завршуваат во текот на денот.

Девојчињата се интересираат за мода, а машките за автомобили и за тоа колку се платени фудбалерите, но една тема која им е интересна и на двата пола е сексот. Со самото тоа што гуглаат за сексот, црпат мноштво информации и сметаат дека знаат многу работи за сексуалното однесување, толку многу што дури и се охрабруваат да се впуштат во сексуален чин на многу млада возраст. Запрепастувачки е податокот дека дури 24 отсто од момчињата и 17 отсто од девојчињата на 15 години имале секс. Меѓу нив може да е и вашето дете.



Ако отворите по форумите, ќе се изненадите од тоа какви прашања поставуваат децата:

- Па вака, имам редовен секс со мојот дечко и тоа без заштита, никогаш не свршува во мене, па не смее. Можно ли е да дојде до нешто сериозно и кои би биле симптомите?

- Ве молам помогнете ми! Имав секс со еден мувач, го знаев 3-4 дена и беше навистина прекрасно. Проблемот е дека за време на сексот ме тепаше ми маваше шамари. Како да му кажам дека така не сакам?

- Имам 14 години и имав секс со мојот братучед, го сакам многу, но кажете ми што да правам. Да останам со него или да го откачам, многу го сакам, ве молам за помош!

- Можеби е глупо, но сакам да ми кажете како да го натерам дечко ми да сврши во мене да останам бремена бидејќи не сакам да го изгубам, а и тој ме сака.

Ова се само дел од прашањата кои најчесто девојките ги поставуваат по форумите, а што е најтрагично е тоа дека добиваат одговор од нивни врснички кои исто така се неинформирани. Сметаат дека секое однесување е во ред и дека тоа е само дел од сексот. Имаат незаштитен секс, изложени се на мноштво опасности од несакана бременост па сè до сексуално преносливи болести, а да не го спомнуваме и самиот факт дека не посетиле гинеколог. Нивните интимни делови се уште се развиваат, а тие не го знаат тоа толку добро, па се впуштаат во сè она што мислат дека е добро. Отсекогаш „во мода“ биле лошите работи во општеството, па сега модерно е да имаш секс на 14-15 години и така си многу јак во друштвото. Но, како да не дојде до ова?



Со оглед на тоа дека во нашата земја нема сексуално образование, најдобро е ако вие сте родител да му го овозможите тоа знаење на детето. Уште пред да го добијат првиот менструален циклус, добро е да им зборувате на вашите ќерки за тоа што ги очекува и како треба да постапат во тие моменти. Со тек на време, чекор по чекор, зборувајте и со машките, објаснете им го процесот, промените со кои ќе се соочуваат, но што е најважно објаснете им на вашите деца дека првиот секс е навистина еден чин кој се памети цел живот и дека треба да го направат со некого во кои се сигурни. Не поради тоа што општеството ги принудува, не поради тоа што сите нивни другари и другарки веќе имале секс, туку поради тоа што тие сметаат дека знаат доволно работи за сексот, дека се доволно развиени и пред се подготвени да имаат секс со човек во кој имаат доверба. Да го направат тоа со некој кој ги цени, почитува и сака, а не само за да го задржат некого.

Многу се лажат ако мислат дека со сексот се задржува одредена личност, бидејќи за кратко време ќе му досади сексот и толку ќе биде и со нив. Еден човек треба да знае како да ве освои, да се труди за вас, да покаже колку му значите, па потоа ако сметате дека треба, предадете му се целосно. Ако не, на оној кој му значите ќе ве чека!

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби