Келнер! Дај една шлаканица!

Секој ден иста приказна...Дојде ли пауза, мислиш што ќе јадеш, што ќе пиеш, каде ќе седнеш. И нормално за свои пари очекуваш да бидеш убаво испочитуван, со фино и културно „Добар ден“ „Повелете“, блага насмевка и пријатно добредојде.

Сепак, сè почесто налетуваме на една специфична категорија на келнери, кои дефинитивно ја промашиле професијата. Не знаеш дали ќе ти донесат сметка, ќе те мавнат со послужавник по глава или ќе ги чекаш 45 минути за нарачка во полупразен локал.

Си седиме пред некој ден со колеги на ручек, кога келнер ни влезе во муабетот со мало интро за Господ. Наслушнал како саркастично се зезаме на сметка на сопствените проблеми, па фино лепо нè посоветува со молитва да се обратиме кај „главниот човек“. Малку се збунивме мислејќи дека се шегува, но од понатамошната дискусија беше сосема јасно дека дечкото е мошне сериозен. Кој не си ја прочитал Библијата, го утнал местото за седење.

Колку и ова да звучи чудно и неочекувано, во никој случај не е толку запрепастувачко како случајот на блиска пријателка која за малку не доби шлаканица од агресивна келнерка. Инцидентот настанал бидејќи девојката веќе долго време не била исплатена од својот работодавец, па во момент на бес им се истурила на гостите зошто немале ситно за да си ја платат сметката.

За жал таа не е единствената која го оправдува своето непрофесионално однесување со тоа дека работи во лоши услови. Да бидам искрена и јас не сум платена онолку колку што би сакала, ама не лечам фрустрации на луѓе кои немаат никаква врска со мојот проблем. Да работев како незадоволна келнерка, ќе си најдев друга работа. Без изговори! Секој треба да си ја преземе одговорноста за своите постапки. Доколку не ве бива со луѓе и не можете да бидете добро расположени и услужливи зошто тогаш упорно работите нешто што ве полни со незадоволство?

Ако шефот ви е гад, не сте ништо подобри ако станете уште полоши од него. За промена земете ги позитивните примери за водилка во животот. Во градов постојат низа извонредни луѓе кои со задоволство работат како келнери. Сигурно и тие имаат лоши денови и непријатни гости (да не се лажеме паричката има две страни), но држат до себе и се однесуваат како професионалци.

Бидете повеќе како нив, а помалку како девојката што тргнала да дели шлаканици. Без изговори другари! Без изговори!

Авторот отиде на пауза ;)

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби