АНТОЛОГ ПРЕПОРАЧУВА

Заспаното око на свеста

         „Ако нешто научив во оваа работа, тоа е дека во светот има повеќе врски отколку што има честички во вселената...“ – Ван Ветерен („Во окото на свеста“ – Хокан Несер)

И ова нека биде центарот за да ги најдете вистинските врски.

Жена, пронајдена мртва во када! Главен осомничен е сопругот, кој, откако ја повикал полицијата, ја вклучил машината со валканите алишта од минатата ноќ. Мислите дека може да е олку едноставно?

Уште на самиот старт да ве предупредам дека ова е роман за кој ќе размислувате долго. Нетрпеливоста нема да ви дозволи да правите поголеми паузи од читање до читање. Навикнете се на скандинавските имиња на ликовите и препуштете му се на овој роман.

Во книжевноста има едно главно правило, а тоа е дека сè има влијание врз секого. Токму затоа овој заплет од настани изгледа конфузно, но во суштина тој е коренски поврзан. Она што е потребно е да се умее да се прочита од окото на свеста. Етапите на истрагата на убиецот на првата жртва – Ева Рингмар се карактеристични за мистичен крими-роман. Но, со појавата на второто убиство, почнуваат да се замрсуваат заплетите, а со тоа романот добива и друга димензија. Трилер-роман? –Да! И тоа одличен трилер-роман, чија цел не е само да отвори мистерии што ќе имаат шокантно финале туку и нешто подлабоко од тоа.

Романот во суштина ги отвора прашањата што се Ахилова петица на човештвото. Романот настојува  да се дознае каде е зачетокот на проблемите. Или што е мотивот за убиство.  Како индивидуалните проблеми стануваат проблеми на заедницата/општеството. Уште една голема аномалија на општеството ни предочува авторот Хокан Несер – отуѓеноста на луѓето. Замислете колку несреќи и убиства би можеле да се спречат ако луѓето почнат да ги споделуваат своите мисли со некој близок. Што очигледно не е случај со ликовите во овој роман. Тие се мистериозни, исенчени и неми. Еквивалентни на временските услови, кои ја прават уште помрачна ситуацијата во романот. Дождливото и мрачно време од октомври до декември го покрива градот врз кој е фрлена магла од две ладни убиства.
       
Оваа слоевита приказна преточена во скандинавски трилер ќе ги скокотне вашата љубопитност и нетрпеливост.  Ќе ја следите истрагата како и самите вие да сте му десна рака на главниот инспектор Ван Ветерен.

Автор: Марија Митева

ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе додели примерок од романот „Во окото на свеста“ од Хокан Несер на еден од вас по случаен избор.

Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го тагнете оној кому би му ја подариле оваа книга доколку ја освоите, а воедно и јавно да ја споделите оваа вест. Добитникот ќе биде објавен во петок на 29-ти септември, а книгата ќе може да ја подигне во книжарниците на „Антолог“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби