Њујорк на креативен начин изнајде решение за бездомниците

Од 2012 навака бројот на бездомници кои живеат во Њујорк е зголемен за околу 40%, што се должи на недостатокот од живеалишта по прифатливи цени и неефикасните прописи за нивно изнајмување.

Сега, креативната агенција Framlab базирана во Њујорк верува дека пронашла ефективно и креативно решение за овој проблем.

Тие предлагаат конструирање и монтажа на скелиња на страните од зградите каде нема прозорци, во кои би се сместиле шестоаголни структури. Проектот наречен „Homed” би ги искористувал „вертикалните површини„ кои Њујорк ги нуди, кои сега седат неискористени.

Од Framlab објаснуваат дека во секоја од овие шестоаголни структури комфорно би можела да се смести една личност, а ентериерот би се нагодувал според нејзините потреби и животен стил.

До нив би се пристапувало преку скалила вградени во скелињата, а структурите би биле лесни за склопување и растурање во случај, на пример, тој дел од зградата да треба да се реновира или проширува.

Прозорците со кои тие би биле опремени нудат транспарентност и приватност, а на нив може да се прикажуваат реклами или уметнички дела – што значи дека постои можност ваквите живеалишта да генерираат заработка и потенцијално самите да се исплатуваат.

И покрај креативноста и амбицијата на овој проект, агенцијата вели дека Homed не е комплетно решение за проблемот со бездомниците, туку е инструмент кој игра улога во решението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби