Мили мои...За секоја непромислена постапка следува последица

Велат дека кучињата се најдобри пријатели на човекот. Се согласувам..Имало многу ситуации кога ја почувствувале мојата енергија и дошле да се погалат од мене, да забележат кога некој сака да ме нападне, па да го избркаат со своето лаење. Но, имало и ситуации кога може не им бил денот и сум бил нападнат од нив.



Деновиве се изнаслушав разно разни приказни. Куче нападнало толпа деца притоа оставајќи им рани на телото. Луѓе со разни ставови. Де децата се криви, де кучињата, де некој трет. 

Слушам една постара тетка (да не ја наречам баба зошто ќе се навреди нели) како зборува...

-Па, детето е криво. Зошто излегло во доцните часови надвор? Мојата Бела не би ја нападнала доколку не биде задевана. И мене да ме задева некој и јас ќе ќутам, ќе ќутам ама кога ќе ми пукне филмот ќе го истепам, бакнувајќи го своето куче.

Другава соговорничка нејзина, па и враќа:

-Е не е така. Моите внучиња да се плашат да поминат покрај нив! Абе ќе ти го отрујам ако треба, ама нема да оплакувам дете пред мене!



Чекај, чекај.... Како така ќе згаснам нечиј живот и не сносам последици за постапката??? Како тоа Бела не напаѓа никој, па не и ставам маска, ама ако ја задева некој нека го касне?!

Е мили мои не оди вака. За секоја непромислена постапка следува последица. Да не биде после - Оф леле, не сакав вака да биде...

Што доколку фрлиш отров надвор за да ги отруеш оние кои му сметаат на твоето внуче, па ненамерно го отруеш и него? Го допре јадењето со цел да му даде на гладното куче, па прстињата ги стави во уста? Дали тогаш исто вака непромислено ќе зборуваш?

Или ти што толку многу го сакаш своето куче и сметаш дека сè му се може. Што доколку од некоја причина нападне некого и предизвика несакана ситуација? Не може децата да ги ставиме во кафез само за твојата Бела да си шетка низ паркчето.

На животните им се простува за непромислените постапки. Немаат способност за правилно расудување. А, луѓето...

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби