Идеи за евтини, а мошне вредни подароци

Моментално, го живееме најубавиот период од годината. Речиси секој плоштад е украсен, секој дом има новогодишни украси, децата чекаат подароци и пакетчиња, а и ние возрасните понекогаш посакуваме по некој скромен подарок.

Сепак, ако се истрошиме премногу за сите подготовки, како и за дочекот на Нова година, на крај не ни останува многу буџет со кој може да им подариме подароци на оние кои ги сакаме.

Не заборавајте дека љубовта и начинот на кој сте го изработиле подарокот вреди многу повеќе отколку купениот подарок. Можеби некого ќе го израдувате со нешто што одамна го посакувал, но ако му кажете дека вие сте го изработиле неговиот подарок, сте обрнале огромно внимание и сте одделиле време за истиот, многу повеќе ќе биде ценет.

Токму затоа, ви предлагаме неколку подароци, кои може да ги направите мошне брзо и евтино.

Фенси белегзии во разни бои



За овој подарок, ви требаат само разнобојни крпчиња, исечени во иста должина. Поставете ги на вашите прсти и почнете со плетење.

Испечатени свеќи



Ако сакате уникатен подарок, испечатете некој текст, па макар и името на личноста и направете персонализирана свеќа. Најдобро е да земете една свеќа во бела боја и хартијата со испечатениот текст да биде потенка од стандардната хартија. На тој начин ќе бидете сигурни дека испечатеното ќе се познава и на свеќата.

За љубителите на топло чоколадо



Во убава кутија или пак шолја за топло чоколадо, ставете прав за топло чоколадо и неколку интересни мали лажички. Завиткајте ја убаво кутијата или шолјата и напишете убава порака. Верувајте дека оние кои сакаат чоколадо, навистина ќе уживаат во овој подарок.

Топла купка



Ако некој ваш близок има мошне стресен живот, многу добро ќе му дојде еден комплет за топла купка. Во убав сад ставете некоја убава купка, за која ќе знаете дека ќе му се допадне и може да додадете и некое симпатично сунѓерче. Уште во првиот слободен миг ќе ја искористи купката, а подоцна ќе ви се заблагодари.

Персонализирани обележувачи за книги



За љубителите на читањето, изработете интересни обележувачи за книги. Ако е љубител на некој посебен период од литературата, направете го со исечок од некоја книга, некој посебен цитат кој му се допаѓа или вметнете некој барокен украс. Верувајте дека токму тој подарок, навистина ќе му биде омилен.

Пари!



Кој не би сакал пари, особено во овој период од годината.. Само потрудете се да ги завиткате на интересен начин. На пример, може да ги залепете една со друга (само внимателно) и да ги ставете во кутија за хартиени шамивчиња. Тие ќе мислат дека сте им купиле шамивчиња, а всушност станува збор за пари!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби