Престанете да се однесувате како да сте излегле од зоолошка градина!

Нема некој кој не ги сака викендите. Посебен период наменет за уживање, излегувања и одмор. Секој викенд, различна програма. Различен помин за разлика од монотоната работна недела кога секој ден го поминуваме според зацртан план.

Доколку киднеш од планот динамиката на денот се менува и додека трепнеш денот летнал и немаш време за ништо.



Така овој викенд решив да излезам малце. Да ги опуштам сетилата и да се препуштам на уживањето. Гледам што има на програмата и забележав дека има концерт на пејач кој секој пат ја крева атмосферата на повисоко ниво.

Одлучив да одам, успеав да најдам и карти во последен момент. Среќен од целата ситуација влегувам во преполната сала. Се приближувам на одреденото место и додека чекам да започне разгледувам наоколу.

Започнува концертот. Редарите се грижат за секој гостин. Се препуштам на ритамот и почнувам да танцувам со партнерката на една од песните. Одеднаш од моја лева страна забележувам тепачка, девојката смртно преплашена ја тешам до мене дека такви работи е нормално да се случуваат на ваков огромен простор со многу луѓе иако знаеме и двајцата дека тоа не е така. Ги изнесуваат тепачите со крвави глави, а публиката згрозена од чинот ја коментира случката.



Сепак, забораваме на тоа и продолжуваме да ја остваруваме целта поради која сме дојдени.. да имаме убав помин и да избегаме од реалноста на момент.
Реалноста  одново се појавува меѓу нас во вид на постар човек кој во алкохолизирана состојба немаше поим каде се наоѓа, а бареше причина во секој присутен за да направи скандал.

Мирисот на неговите повраќаници настанати од преголемата доза на алкохол,  која и сам е свесен дека не може да ја издржи, буквално ги труеше посетителите.
Откако се навикнавме и на тоа, се случи и она што најмалку очекував. Две постари разголени тетки, стил, сигурно ги имате сретнато на една од журките без разлика дали биле буквално истите или други,  започнаа валкан танц.



На почетокот беше прифатливо, нели доаѓаме со цел да се забавуваме без разлика што на кој му претставува забава, но нивната забавата продолжи  кога младиот редар помина од кај нив. Како да беше машка к**ва му се нафрлија без тој да им даде ни малку повод. Допири фрчеа насекаде, а редарот чувствувајќи се  незгодно пробуваше да се отргне од нив. Неуспешно секако.

Решив да си одиме од концертот далеку порано од планираното бидејќи викендите се само мал дел од времето кое рационално треба да се искористи. Време кое треба да биде потрошено со вистинските луѓе во вистинската атмосфера или евентуално да се откупи цела вип ложа за да може да не стравуваме од уништување на забавата од страна на рандом ликови. А, тие можеби не слушнале за осет.

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби