МаxTV со нови канали за сечиј вкус

Во пресрет на Новогодишните празници, Македонски Телеком ја освежува својата понуда на ТВ канали достапни на MaxTV, со нови и интересни содржини, во кои може да се најде по нешто за секој гледач. Значителен број од нив ќе бидат достапни за сите корисници на MaxTV.

Од 31-ви декември понудата ќе биде збогатена со ултра популарниот BBC Earth канал, познати ТВ канали за готвење, како и инспиративни содржини од едукативен и забавен карактер.

За љубителите на спортот тука се спортските содржини од Sport Klub HD додека оние кои сакаат да погледнат по некоја високобуџетна историска драма, ќе можат да го направат тоа на новиот канал, Viasat Epic Drama.

Планетата Земја со сета своја убавина и грандиозност

BBC Earth, кој ќе се емитува на местото на Discovery Channel, е познат по својата богата понуда од извонредни документарци меѓу кои „Сината планета 2“, „Природни чуда на Земјата“, „Aфрика“ и „Животински супер сетила“.

Овие четири серијали на драматичен и забавен начин ја доловуваат природата и животинскиот свет со сета своја грандиозност и неповторливост.  Љубителите на документарните серии ќе имаат можност да погледнат низа на ретки, а воедно и поучителни содржини кои раскажуваат неверојатни приказни за планетата Земја, науката и животот.

„Сината планета 2“ е една од најпопуларните документарни програми за 2017-та година, која става акцент на човечкото влијание врз природата, загадувањето на океаните и проблемите со кои што тие се соочуваат.

Од мистичните длабочини на сините океани, BBC Earth нè носи на неповторливо патување низ најубавите пејзажи на нашата планета, а воедно ни дава поинаква перспектива на животинското царство.

Во светот на добрата храна и урбаното живеење

Каналите Food network и Kitchen TV се како совршени за сладокусците и гурманите, а воедно и за гледачите кои едноставно сакаат да научат по некој нов вкусен рецепт.

Доколку ја преферирате американската кујна, Food network нуди импресивна листа на шоу програми, меѓу кои и популарните „IronChef - Showdown“ и „Giada Entertains“.

За оние кои сепак сакаат нешто балканско, тука е Kitchen TV со рецепти од регионот кои може да се погледнат во серијалите како „Kod Ane“, „Stevo Karapandža i Lepi Brka“ и „Šefice“.

Припадничките на понежниот пол, како и сите оние кои се заинтересирани за модата, животниот стил и урбаното живеење ќе се пронајдат во содржините на Женска ТВ. Овој сосема нов канал во понудата на МaxTV воедно нуди и богата листа на играни филмови и серии.

Спортски содржини за сечиј вкус

Во делот на спортските содржини, освен ексклузивните натпревари од Лигата на шампиони и од Лигата на Европа, за спортските фанови се проширува достапноста на канали кои досега можеа да се гледаат само во дополнителни пакети.

Така, сите MaxTV корисници отсега ќе можат да гледаат Sport Klub HD, Лов и риболов и Fight Network како замена за Eurosport каналите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби