Лекување пациенти за висока сума или според Хипократова заклетва?

Здравјето за еден човек е најскапоценото нешто кое може да го поседува. Колку големо богатство да има, духовно или материјално, сепак го нема ако здравјето му е загрозено.
Во тој случај здравјето се доверува на оние здравствени работници на кој најмногу им се верува и кои го довеле во подобрена состојба.



Всушност водени од довербата и способностите на одредена личност го доверуваме нашето здравје на матични доктори кои имаат должност да се грижат за него, да дадат совети и препишат одредени лекови.

Но, што кога има огромна разлика меѓу приватното и државното здравство?
Кога здравјето со сигурност се лечи за цело богатство, а никој нема да ве погледне и покрај тоа што плаќате здравствено осигурување секој месец?
Викендов бев ужасно разочаран од еден коментар на статија за доктори пишан токму од доктор кој е добро познат за јавноста.

Стануваше збор за гинеколошки услуги и нивното наплаќање, дали приватно ако се плати се третираат подобро пациентите отколку осигурани преку фонд.
Меѓу мнозината искуства на пациентки каде повеќето беа сложни дека пап тестовите би ги довериле на приватна установа отколку на државна каде чекаат со месеци за неисправни резултати, се одделуваше оној неговиот.



-Секако дека имам различен третман за оние кои ми плаќаат приватно од оние кои доаѓаат и бараат преглед од мене според соработката која ја имам со фондот за здравство. Јас моите апарати во ординацијата сум ги купил исклучиво сам, а парите кои фондот ми ги дава за соработката се ниски. Сум вложувал труд и пари и во моето студирање, а не можам своето дете да го прехранам од тие пациенти, пишуваше на постот.

Молам?! Да биде доведено нечие здравје во опасност поради одредена сума пари и несовесност? Како тоа не можам да го прехранам своето дете, па земам огромни суми од граѓани кои се доведени во неизвесна ситуација и принудени да платат огромна сума на пари за преглед и нивно лекување?



Од самата помисла дека таму може да се најде некоја моја блиска личност ми се гади, а не па да ја однесам на лекување кај тој доктор, па колку знаење и да поседува.

Каде ви е медицинската етика бе?!

Плутарх во еден од своите записи напишал за распнувањето на лекари по наредба на Александар Македонски од причина што отишле на театарска претстава, а болниот останал без лекување и починал.

Дали треба да се доведе до тој степен да има жртви за тие конечно да ја сфатат сериозно нивната работа и да почнат да лекуваат болни?

А, што би се случило кога сите кои не се задоволни од своите примања би го правеле истото на луѓе кои се корисници на нивните услуги?

Докторе, Хипократ би дошол лично и би ти ја одзел лиценцата за работа да знае дека си ја положил неговата заклетва и селектираш пациенти кои ги лечиш правилно само за висока сума на пари...

Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби