ЗАПОЧНЕТЕ УШТЕ ДЕНЕСКА

5 правила кои ќе го променат вашиот живот... ЗАСЕКОГАШ!

Маја Ангелу е афроамериканска писателка, поет и активист за човековите права. Нејзиниот живот бил исполнет со многу љубов и многу благодарност за сето она што таа го поседувала додека живеела. Нејзините правила за тоа како да го живеете животот од соништата, помогнале на илјадници луѓе ширум светот да го пронајдат вистинскиот пат и да го прават она кое најмногу го сакаат.

Во продолжение прочитајте ги советите за тоа како да го промените својот живот, засекогаш.

1. Бидете благодарни

- Бидете благодарни, секој изминат ден, секоја недела, секој месец, секоја година...Бидете благодарни на она кое што во моментот го имате.  Разбудете се и заблагодарете се на Бога што започнал нов ден исполнет со нови предизвици. Кажете благодарам за светлината која се пробива низ прозорецот, благодарам за телефонскиот повик кој ви соопшти добри вести, благодарам и за повикот кој ви донесе лоши вести, бидејќи знаете дека со тоа Бог има нешто подобро за вас. Само бидете благодарни.

2. Имајте љубов кон себе.

- Љубовта кон себе е многу важна. Не верувајте никому доколку ви каже дека ве сака, а тој/таа не се сака себеси. Има една стара Африканска поговорка која вели: Бидете внимателни кога гол човек ќе ви понуди маица за да се облечете. Кога имате интервју за работа помислете на сите оние луѓе кои ве сакале вистински, без разлика на тоа дали се живи или мртви, без разлика на тоа дали се пријатели, роднини или познаници... Понесете ги виртуелно зад грб. Влезете и бидете самоуверени. Луѓето ќе ве гледаат и нема да можат да ги тргнат очите од вас. Можеби нема да ве вработат, но постојано ќе ве гледаат, ќе оставите огромен впечаток затоа што ќе блескате, нема да сте сами. Некои ова го викаат харизма, а тоа е всушност потпората од луѓето кои сте ги „понеле“ со вас.



3. Научете да кажете НЕ!

- Има едно место во вас кое мора да го чувате празно и чисто за да можете да се најдете себеси. Да поразговарате со Бог. Без разлика на тоа кој сака да влезе таму, на било каков начин, без разлика на тоа дали се работи за мајка, татко, сопруг или сопруга... Никој, апсолутно никој, не смее да влезе таму. Кога е НЕ, кажете НЕ. Кога не сакате нешто, кажете не, не се плашете. Тој што ве сака ќе ве разбере. Кога е НЕ, е НЕ. Одбијте ја работата која не ве исполнува, одбијте го човекот кој ве уморува, речете не ако не ви одговараат условите. Ако нештата зависат од вас, речете не, ако така се чувствувате.

4. Простувајте

- Простете, бидејќи гневот ве уништува. Простете и завршете ја работата која ви отежнува да бидете она што го сакате. Секогаш простувајте без разлика кој колку погрешил.

5. Погледнете го виножитото во темните облаци над вас.

- Во животот имав премногу темни облаци. Многу тешки моменти кои не е лесно да се преживеат. Но, секогаш го гледав виножитото во тие темни облаци. Немаше никој кој можеше да ми помогне. Бев силувана на 7 ипол години и поради тоа не зборував цели 5 години. Прочитав многу книги и научив многу за животот уште кога бев дете. Никогаш не почувствував дека немам помош, особено кога ги гледав „виножитата“ во темните облаци над мене. Бидете нечија инспирација, бидете нечие виножито. Тоа многу значи пред се за вас како личност, а и на тој кому му помагате



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби