Внимавајте на зборовите пред да ги изговорите

Сите имаме лош период кога негативната енергија преовладува со нас. Кога цел свет ни е скршен и во моментот не постои нешто со кое може да се поправи. Е во такви мигови ги правиме нашите најголеми грешки. Во хаосот што владее паѓаат тешки зборови најчесто упатени кон личност која воопшто не ги заслужила.

Таков период имав и јас. Бев тотално уништен поради неуспешно завршена обврска. И кога солзите од бес сами почнаа да ми паѓаат, се приближи мојата десет годишна сестра.

-Бато, еве ја ти ја Дора тебе, а јас ќе го земам Гарфилд. Ајде да си играме, ме замоли.

-Добро не гледаш дека не ми е добро? Ај тргни се од мене, го истурив својот бес врз неа

-Знам, затоа ти ја дадов Дора. Дора има магична моќ да ги впива солзите на луѓето. Јас често кога плачам ја земам и си играм со неа и веднаш ми поминува, одговори натажено и излезе тивко од собата

Одеднаш емоциите ми се измешаа. Ми стана многу потешко од претходно и надвладеа чувството на вина. Мојата негативна енергија ја префрлив на едно десет годишно девојче кое само сакаше преку игра да ме направи среќен.



Всушност почувствував дека направив поголема грешка од таа која беше направена спрема мене. Јас не ни пружив љубов и разбирање.Неправдата која мене ми беше направена беше само лекција. Колку повеќе љубов пружаш се чувствуваш поубаво без разлика дали помалку или повеќе од пруженото си добил.

Велат дека децата се најсреќни и најискрени. Кога дете ќе падне, тоа плаче поради падот, но по две минути ја пушта болката и повторно е насмеано. Не мисли на неа повеќе и продолжува со играта.
Зошто тогаш ние возрасните ги држиме лошите работи во нас, а воедно кога ќе го достигнат врвот ги истураме врз оној кој прв ќе ни се најде на патот?


Диоген

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби