Кањонинг - возбудлива и адреналинска активност за секој авантурист

-Турни ме. Инаку нема да скокнам, викна Сашо.

-Ха, ти си единствениот што досега ми рекол да го турнам во длабок вир“, се насмеа Влатко Контиќ, водичот, и го турна.

-Јакоооооооо, 100 пати појако од рафтингот, извика Сашо откако ја извади главата од водата, посегајќи по воздух. И продолжи да плива низ тесниот кањон.

Веќе 10-тина години Влатко Контиќ е водич низ кањонот Невидио и многумина ги има доведено до границите на нивната физичка и ментална снага водејќи ги низ теснеци, вирови, вртлози и поттикнувајќи ги да скокаат од 10 и повеќе метри во ладната вода на кањонот Невидео.

Низ кањонот Невидео, кој се наоѓа на 20-тина км од Жабљак, Црна Гора и на околу 360 км од Скопје, тече реката Мала Комарница, која исекла пат низ карпите, формирала слапови и водопади, изделкала ѕидови во неверојатни форми. Паднатите дрва низ кањонот додаваат дополнителни екстремни точки на веќе напорното движење низ кањонот.

Кањонот е долг 2.700 метри со висинска разлика од 125 метри меѓу почетокот и крајот на кањонот, а карпите во кањонот се високи и до 450 метри. Водата е тиркизно зелена, но многу ладна (околу 5 – 6 степени Целзиусови) и од почеток влегувањето во водата е непријатно. Но, само до првиот скок. Потоа, од многуте активности низ кањонот, студот станува второстепен.

Кањонингот (Canyoning) е авантуристичка активност која вклучува движење низ тесни кањони со искачување и слегување по карпи, низ водопади и теснеци, скокање во длабоки вирови, пливање низ ладна вода. Основна опрема за кањонинг е: неопренско одело дебело и до 7 мм (или две неопренски одела за зиморливите), шлем, појас, неопренски чорапи и сопствени патики. Секој треба да знае да плива и да не се плаши од скокање во длабока вода.

Најважно е да се слушаат насоките на водичот и брзо да се поминува низ кањонот, бидејќи секое непредвидено задржување, долго премислување дали да се скокне или не, може да доведе до ситуација на хипотермија (премрзнување). Изгледа опасно и ладно, но кањонингот е многу возбудлива и адреналинска активност.

Текст и фото: Г. Николоски

Доколку ви се допадна овој текст и  сте љубители на спортските авантури, повеќе содржини можете да прочитате на ШУМ - Интерактивно списание за сите љубители на спортот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби