Девет необични закони во светот

Голем број туристи се уште не слушнале за некои необични закони ширум светот.

1. Забрането тетовирање и селфи со Буда

Ова правило важи во Шри Ланка и доколку се прекрши се плаќа парична казна.

2. Забранети електронски цигари

На Тајланд е забрането користење на електронска цигара, за што следува парична казна. Доколку некој судија се заинаети тогаш може да се добие и затворска казна. Тајланѓаните неодамна забранија и пушење на повеќето плажи.

3. Не носете маскирна облека

Многу карипски држави, како што се Барбадос, Света Луција и Свети Винсент забрануваат носење на маскирна облека, а тоа важи дури и за децата.

4. Не се хранат гулаби во Венеција

Пред хотелот или некаде на друго место, каде можете да се скриете, би можеле да се извлечете доколку храните гулаби. Но тоа е строго забрането на Плоштадот Свети Марко. Таму има премногу гулаби и затоа градските власти го забраниле нивното хранење, со цел луѓето дополнително да не ги привлекуваат.



5. Внимавајте на горивото во Германија

Кога се наоѓате на патиштата низ Германија, внимавајте да имате доволно гориво во резервоарот. Таму со закон е забрането да се остане без гориво, што не е најневообичаена работа, имајќи предвид дека на тој начин се доведувате и себе си и другите во опасност.

6. Не се плука во Барселона

Некултурно однесување со плукање на улица постои речиси насекаде ширум светот. Сепак, градските власти во Барселона одлучиле да реагираат на тој вид некултура, па затоа плукањето е прогласено за непосакувано.

7. Потпетици во Грција

Грција не го забранила носењето потпетици за сите и секаде, туку само за посетителите на важни знаменитости, како што е на пример Акропол. Донесувањето на таа одлука било поттикнато од стравот дека потпетиците можат да ги оштетат историските места и споменици.

8. Внимателно со банкнотите на Тајланд

Доколку во Бангкок случајно ви падне банкнота на под, а притоа не сте виделе и сте згазнале на неа, би можеле веднаш да бидете уапсени ако ве забележи полиција. Во најдобар случај може да бидете само парично казнети, бидејќи тоа претставува навреда за кралот кој се наоѓа на тајландските банкноти. Навреда за кралот во оваа земја се смета за злосторство.

9. Не кажувајте пцовки во Обединетите Арапски Емирати

Пцовките, исто како и непристојните гестови, се строго забранети во оваа држава. Прекршителите можат да бидат депортирани или уште полошо, да завршат в затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби