„Пасија по Г. Х.“ од една од најтаинствените писателки на 20-от век

„Пасија по Г. Х.“ од бразилската писателка Кларис Лиспектор е роман со едноставна приказна. Г. Х. e скулпторка што живее во богат кварт во Рио де Жанеиро.

Дента кога ја отпушта слугинката и влегува во нејзината соба за да ја среди, здогледува лебарка што лази на подот. Згрозена и во паника, ја затвора вратничката од отворениот шкаф и притоа ја преполовува лебарката. Глетката на инсектот што умира кај неа поттикнува внатрешен дијалог што ја води кон длабоки размислувања за своите чувства, стравови, неспокојства, а просторот го претвора во мал амфитеатар на философски преосмислувања. При крајот на романот, на врвот од внатрешната криза, ќе биде опишана најпознатата и најшокантната сцена во бразилската книжевност.

Делото е создадено во тешки моменти во животот на писателката, период кога се разведува од сопругот и открива дека синот страда од шизофренија.

Американскиот писател и критичар Бенџамин Мозер ја смета Кларис Лиспектор за најважна писателка со еврејско потекло по Франц Кафка, а турскиот писател Орхан Памук ја нарекол „една од најтаинствените писателки на дваесеттиот век“.

„Пасија по Г. Х.“ е од неодамна достапна и на македонски јазик, во издание на издавачката куќа „Антолог“.

ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе доделат примерок од романот „Пасија по Г. Х.“ од Кларис Лиспектор на еден од вас по случаен избор.

Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го тагнете оној кому би му ја подариле оваа книга доколку ја освоите, а воедно и јавно да ја споделите оваа вест. Добитникот ќе биде објавен во среда, на 11-ти април а книгата ќе може да ја подигне во Книжарницата „Антолог“ (веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби