Чудни контрацептивни методи низ вековите

Во минатото, луѓето верувале дека матката е живо битие со сопствен ум, а илјадници години мажите и жените се обидувале да имаат секс без да се грижат дали ќе закачат некоја болест или забременат.

Денес постојат многу научно докажани контрацептивни методи кои функционираат, а еве какви сè методи порано биле испробувани и со каков успех.

1) Црева и разни делови од животни

Античките Египќани од времето на Рамзес и Клеопатра користеле обоени ткаенини наместо кондоми (со кои се изразувал и социјалниот статус). Во Кина за тоа се користела свилена хартија, во Јапонија рогови од животни и оклопи од желки, додека пак во ренесансна Европа месарите правеле кондоми од животински црева и мочни меури.

2) Парчиња лимон

Жените во Европа во 18-тиот век користеле парчиња лимон на начин на кој денес се користи дијафрагмата, а тоа го знаеме бидејќи за нив има пишувано познатиот љубовник Казанова во своите мемоари.

Иако модерната медицина со сигурност не би го препорачала тоа денес, техниката зачудувачки била прилично ефективна бидејќи сокот од лимот е природен спермицид, а некои скорешни студии сугерираат и дека дури помага против ХИВ вирусот.

3) Жива

Жените во античка Кина биле советувани по сексот да голтаат 16 жаби испржени во жива за да се спречи бременоста. Денес е познато дека живата може да предизвика трајна неплодност, откажување на органите, парализа, оштетување на мозокот и смрт.

4) Вода од ковачи на железо

Живата не бил единствениот отровен метал кој жените на кои им требала контрацепција регуларно го консумирале. За тоа се користело и оловото кое се мачкало или пиело, а некои жени дури ја пиеле водата во која ковачите на железо ги ладеле врелите метални алатки. За време на Првата светска војна, жените кои работеле во фабриките исто така ја носеле ваквата вода полна со метали за да ја користат како евтина контрацепција.

5) Кока Кола

Ако мислевте дека ваквите бизарни контрацептивни методи завршуваат во 20-тиот век во добата на развиената науката и логика, сте се излажале. Во 50-тите и 60-тите години жените се замивале со Кока Кола – што е одличен начин за добивање на бактериска инфекција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби