„Стаклената градина“ – исландска приказна што ќе допре до сечие срце

За младиот Лоби, трагичната смрт на неговата мајка е пресвртна точка во животот. Нивната заедничка љубов кон одгледувањето ружи од реткиот вид Rosa candida во стаклената градина во нивниот двор ќе го инспирира да ги напушти студиите и да отпатува во далечниот антички манастир за да ѝ го врати стариот сјај на величествената, но заборавена градина што се наоѓа таму.

Додека одново ја пресоздава градината под будното око на свештеникот филмофил, Лоби ќе го изненади посетата на Ана, речиси непознатата пријателка на негов пријател, со која, по една кратка авантура во градината на неговата мајка, ја има новородената ќерка Флора Сол. Грижејќи се за градината и за малото девојче, Лоби полека ги запознава различните улоги на еден возрасен маж.

„Стаклената градина“ е прекрасна приказна за искрената потрага по убавините на животот, трогателен потсетник дека секој од нас е способен да ги претвори малите нешта од секојдневниот живот во извонредни.

Романот е преведен на 28 јазици, а авторката се смета за најголемото книжевно откритие на Исланд.

„Стаклената градина“ е од неодамна достапна и на македонски јазик, во издание на издавачката куќа „Антолог“.

ИДИВИДИ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ ќе додели примерок од романот „Стаклената градина“ од Ојдур Ава Олафсдотир на еден од вас по случаен избор.

Сè што треба да направите е во коментар на овој линк, кој е споделен на нашиот официјален Facebook профил, да го тагнете оној кому би му ја подариле оваа книга доколку ја освоите, а воедно и јавно да ја споделите оваа вест. Добитникот ќе биде објавен на 25-ти април, а книгата ќе може да ја подигне во Книжарницата „Антолог“ (веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби