Решена мистеријата на Кривата кула во Пиза

Тим инженери конечно ја откриле тајната зошто навидум нестабилната Крива кула во Пиза повеќе од 600год. сè уште стои и покрај долгата историја на моќни земјотреси во централниот регион на Италија.



Истражувањето било водено од универзитетот Roma Tre, и вклучувало анализирање на структуралните и сеизмички податоци како и физичките, механичките и хемиските карактеристики на материјалите користени за нејзина изградба, како и на карпите и почвата под неа.

Резултатите откриле дека нејзината способност да ги издржи силните сеизмички вибрации доаѓа од феноменот наречен динамична интеракција на структурата на почвата (DSSI).

Во суштина, комбинацијата на височината на кулата (55 метри), меката почва врз која е поставена, и ригидноста на мермерот од кој во најголем дел е изградена, нејзините вибрациски карактеристики ја спречуваат да резонира – т.е да се тресе – кога сеизмичките бранови поминуваат низ земјата под неа.

Иронично, истата таа почва која го предизвикува нестабилното закосување и ја доведува Кулата на раб на колапс, истовремено и помага да ги преживее сите досегашни сеизмички настани.

Нејзината конструкција започнала во 1173, а почнала да се закосува уште по градењето на 3-тиот од 8-те планирани катови – за што како причина била посочена меката почва сочинета од песок, кал и глина. Тогаш кулата се наведнувала кон север, па архитектот кој ја градел (чиј идентитет сè уште е предмет на дебати) решил тоа да го компензира со градење на помали колони и лакови на северната страна на 3-тиот кат. Но пред да биде комплетиран 4-тиот, конструкцијата била сопрена поради многуте религиозни војни.

Во 1272 повторно е направен обид за завршување на градбата, кој бил сопрен по комплетирање на 7-миот кат во 1278. Последниот, 8-ми кат, бил конечно завршен околу 1370-та.

По серија на напори за нејзиното стабилизирање во тек на 20-тиот век и раните 2000-ти, закосеноста на кулата е намалена, и денес нејзиниот врв е оддалечен од центарот на базата за 3.9 метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби