Обединетото Кралство ги објави последните 3 документи за НЛО

Владата на Обединетото Кралство конечно ги објави последните 3 декласифицирани документи поврзани со неиндетификувани летечки објекти (НЛО).



Министерството за одбрана на UK наводно ги објавило сите вакви документи во 2013-та, но потоа признало дека 18 документи содржеле потенцијално чувствителни информации и не биле објавени. Потоа, минатата година, 15 од нив биле објавени а уфологистите биле разочарани од вестите дека „никогаш не било откриено ништо што со сигурност би сугерирало присуство на вонземјани“

Сега конечно се објавени и последните 3 документи кои веќе се дел од Националната архива. Во нив, иако нема приказни за малечки зелени луѓе или избегнати инвазии од вонземајни, се дознава дека UK заканата од НЛО ја сметала за посериозна отколку што било кога признале.

Првото откритие во новите документи покажува дека министерството за одбрана имало две канцеларии кои се занимавале со забележувања на НЛО помеѓу 1947-ма и 1997-ма. Едната од нив била позната на јавноста и примала повици од граѓаните, додека втората била класифицирана и се состоела од експерти кои ги истражувале потенцијалните вонземски закани.



Една очигледна сериозна загриженост била дека непријателска влада – на Кина или тогашна СССР – заробила НЛО и би можела да ја искористи вонземската технологија да ја нападне Англија.

Овој оддел бил затворен во 2000-та по истрага, а бил декласифициран оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби