Голи на планина: Oслободувачко движење без облека

„Тие што го искусиле планинарењето без облека, слободното движење низ големите планински широчини, испружени на сонце, ветерот околу голото тело, пливање во ладните планински реки, знаат колку е ослободувачко движењето без облека“.

Планинарењето со облека многу ограничува велат „Голите планинари“

-Сакаме да се чувствуваме слободни. Имаме право да планинариме без облека таму каде што јавната голотија е легална. „Голите планинари“ носат само со чизми, чорапи и ранец. И ништо друго.

-Никогаш не сме добиле негативни реакции од другите облечени планинари со кои се среќаваме по патеките. Сакаме да ни биде удобно и не прекршуваме ниту еден закон со тоа што планинариме без облека.



Но, така не мислат сите.

Непал го забранил планинарењето без облека откако се појавила вест дека непалски планинар се соблекол на Монт Еверест на 8.848 м. за да ја одбележи хармонијата со природата. Монт Еверест е света планина за непалците и многумина се почувствувале навредени од акцијата на голиот планинар. Иронијата е поголема што планинарењето без облека всушност започнало на Хималаите.

Џорџ Малори бил меѓу првите планинари - нудисти во светот. Тој, голем британски истражувач и планинар, но и ексцентрик првпат се обидел да се искачи на Монт Еверест во 1920 година, но најверојатно успеал да се искачи на Монт Еверест во 1924 година, кога исчезнал. После 75 години било пронајдено неговото тело блиску до врвот, но не се знае дали починал при искачување или при слегување. На себе немал зимска јакна, туку само сако од твид. Малори бил фотографиран без облека во базниот камп на Еверест.

Планинарењето без облека или „Freehiking“ вклучува движење и планинарење без облека. Stephen Gough од Велика Британија, познат како „Голиот Планинар“, во периодот меѓу 2003-та и 2006-та година планинарел низ Англија и Шкотска, каде што повеќепати бил апсен. Во 2005-та и во 2006 година неколкумина планинари планинареле низ европските Алпи, но тоа не предизвикало големо медијско внимание, ниту биле уапсени.

Планинарските патеки низ швајцарскиот кантон Appenzell Innerrhoden биле вистински рај, многу популарни меѓу планинарите нудисти поради мирот и питорескните ливади и долини.

Но, многубројните голи планинари ги соблазнувале жителите на околните села и учесниците на народниот собир во градот Appenzell кренале раце за забрана на „неморалното планинарење“. Жителите на кантонот не можеле да сфатат дека се популарни низ светот поради таква „непристојна навика“. Казнена регулатива е усвоена во 2009-та година од жителите на швајцарскиот кантон Appenzell Innerrhoden, каде што планинарите кои се движат без облека ќе платат казна од 100 швајцарски франци, како и 3330 швајцарски франци за судски трошоци.



Во 2009-та година 45-годишен Швајцарец планинарел без облека во близината на Herisau во Швајцарија. Жителка на блиското село го забележала и го пријавила во полиција. Во мај 2010-та година 45-годишен Швајцарец станал првиот Планинар без облека кој бил осуден да плати 100 плус 3330 швајцарски франци.

Планинарењето без облека е популарно во полибералните држави како Франција и Германија, за разлика од поконзервативната Швајцарија. Швајцарската фирма за производство на планинарска опрема Mammut не го поддржува нудистичкото планинарење поради опасностите до кои може да доведе изложување на одредени нежни делови на телото на високите сончеви UV зраци.

Дел од аргументите на државните инстуции се дека планинарењето без облека треба да биде забрането поради тоа што може да им штети на децата, на што „Голите планинари“ одговараат дека во денешно време децата секојдневно се среќаваат со фотографии на луѓе без облека, не само на интернет, туку и на киосците за продажба на новини.

Во Велика Британија постои и здружение на планинари без облека. Nude Mountaineering Society, со Претседател и интернет страна.

Текст: Горан Николоски


Доколку ви се допадна овој текст, повеќе вакви и слични содржини можете да прочитате на ШУМ - Интерактивно списание за сите љубители на спортот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби