Некогаш и сега: Познати згради кои повеќе не постојат

Дури и најубавите згради не секогаш го издржуваат тестот на времето. Некогаш тие се срушени поради разни  причини, а некогаш од природни катастрофи.

1) Penn Station, Њујорк



Низ оваа станица дневно поминуваат 650 00 луѓе, а оригиналната била изградена во 1910-та и изгледала како да дошла директно од античкиот Рим.

Сега, истата е подземна, над неа има 2 облакодери и Madison Square Garden, бидејќи оригиналната била демолирана во 1963-та поради астрономската цена на нејзиното одржување.

2) Зградата Singer, Њујорк



Зградата Singer била изградена во 1908-ма и еден период била највисоката зграда во светот. Таа била „проколната“ од сопствениот дизајн, бидејќи првите 12 ката зафаќале цел еден градски блок, а над нив имало потесна кула. Невообичаениот план на катовите не бил привлечен за големите компании, па така била продадена и демолирана откако не успеале да и го сочуваат оригиналното лоби.

Денес на нејзино место се наоѓа One Liberty Plaza, облакодер од 54 ката, висок 226 метри.

3) Midway Gardens, Чикаго



Овие градини биле изградени во 1914-та, а просторот претставувал „концертна градина со место за јадење, пиење и перформанси“.

Зафаќале 2 градски блокови и се состоеле од летни и зимски градини.

Структурата била демолирана во 1929-та поради ефектите на прохибицијата и Првата Светска војна, а денес тој простор е празен и е огромен парк во срцето на Чикаго.

4) Birmingham Terminal Station, Алабама



Оваа железничка станица била главната во Бирмингам, Алабама, во 1909-та, а била демолирана во 1969-та откако значително се намалил железничкиот сообраќај.

На нејзино место денес се наоѓа раскрсница помеѓу неколку различни автопати.

5) The Beach Hotel, Тексас



Овој „Хотел на плажа“ бил лоциран на островот Галвестон во Тексас, изграден 1882-ра, дизајниран од Николас Џеј Клејтон, познат архитект од тоа време. Подоцна се испоставило дека истиот испуштал канализациски води во Мексиканскиот Залив и мистериозно изгорел во 1898-ма, по само 16 години постоење.

Во тогашните весници се велело дека тој бил намерно запален, но вистинската причина за пожарот никој не ја потврдил.

Денес на негово место има само плажа.

6) Hippodrome, Њујорк



Во еден момент од историјата, „Хиподром“ бил најголемиот театар на светот и гордот на Њујорк, а своите врати ги отворил во 1905-та.

Тука настапувал и Хари Худини, а иако театарот бил успешен, цените за продукција на шоу програмите кои се изведувале во него биле астрономски, а покрај тоа луѓето сè повеќе почнале да одат во кино наместо да ја следат програмата на Хиподром.

Бил срушен во 1939-та, само 34 години откога бил изграден, а на тоа место има зграда изградена во 1952-ра која била реновирана во 1978-ма со стаклени ѕидови кои се дел од неа и денес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби