Хотели во САД кои се верува дека се прогонувани од духови

На ноќта на вештерките сите се опседнати со тоа да го направат изгледот на  своите домови што поморничав. Сепак, кога станува збор за морничавост, некои места сами по себе се доволно страшни.

Урбаните легенди за полно хотели низ САД велат дека тие преку целата година се прогонувани од духови , што често носи и голем број на посетители во нив.

1) Хотелот Стенли во Естес Парк, Колорадо



Овој хотел го инспирирал писателот Стивен Кинг да ја напише хорор новелата „Сјаење“ (The Shining), која потоа Стенли Кјубрик ја  претвори во исклучително успешен хорор филм.

Хотелот дури нуди и „тура со ноќните духови“ која има за цел „да ги едуцира луѓето каква интеракција да имаат со натприродните ентитети“.

2) Куќата на Лизи Борден, Масачусетс



Во 1982-ра, Лизи Борден била главниот осомничен во убиствата со секира на нејзиниот татко и маќеа. Иако таа била прогласена за невина, полно луѓе се сомневале дека ги убила. Години подоцна, гостите во овој хотел почнале да тврдат дека виделе 3 духови во него, што трае и до ден денес.

3) Хотел Дрискил, Тексас



Лоциран во Остин, Тексас, овој хотел бил изграден во 1886-та од воениот ветеран, Џеси Дрискил.

Во хотелот биле забележани чудни нешта, проследени со мирис на чад од цигари, особено во собата 525.

4) 1886 Crescent Hotel & Spa, Арканзас



Според веб страницата на хотелот, посетителите често имале морничави искуства, како на пример појавување на дух на жена во викторијанска ноќница која седи на подножјето на креветот во собата 3500 и ги гледа гостите како спијат.

5) Хотел Рузвелт, Калифорнија



Овој хотел е познат како место каде што се појавуваат некои од познатите актери и актерки од златната ера на Холивуд. Многумина велат дека ја виделе Мерилин Монро во огледалата, како и мало девојче во син фустан.

6) Бурбон Орлеанс Хотел, Луизијана



Овој скоро 200 години стар хотел има долга историја, а според информациите на неговата веб страница, тој е прогонуван од дух на војник на Конфедерацијата. Освен тоа тука може да се слушнат и жени и деца од времето кога хотелот бил манастир во 1800-тите  Од времето кога хотелот бил театар, пак, во него има дух за кој се вели дека танцува во салата за балови.

7) Queen Mary (кралицата Мери), Калифорнија



Oвој брод кој е постојано укотвен во Лонг Бич, Калифорнија, е познат и како „Сивиот Дух“. Посетителите велат дека често во него може да се слушне врескање на морнар кој умрел во котларата, како и да се види дух на жена облечена во бело со мало дете околу базенот. Собата B-340 која е позната по наводната паранормална активност во неа, може да се изнајми за $500 од вечер.

8) Congress Plaza Hotel, Чикаго



Овој хотел бил изграден да ги вдоми посетителите за време на Светскиот Саем во 1893-та, а се вели дека во него се движи духот на Ал Капоне, како и уште еден наречен Peg-Leg Johnny (Џони со дрвена нога)

9) Мејфлауер Хотел, Вашингтон



Секој 20-ти јануари, во хотелот наводно се случуваат „натприродни“ работи – во 10 навечер во големата сала за балови почнуваат да трепкаат светлата, додека лифтот одбива да се помрдне од 8-миот спрат, до точно 10 часот и 15 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби