Колку лесно се добива возачка дозвола во одредени земји низ светот?

Добивањето возачка дозвола е причина за славење насекаде низ светот, но во некои земји за да се дојде до неа е исклучително тешко и скапо, додека некаде пак не е потребно ни воопшто да се полага возачки испит.

1) Во САД може да се вози уште од 14 годишна возраст



Некои држави во САД како Алјаска, Арканзас и Ајова дозволуваат и на 14 годишници да возат со ученичка дозвола, но бидејќи возачката регулатива се контролира од страна на државните власти, ова варира од држава во држава.

Во повеќето држави потребно е да се положи писмен тест за да се добие ученичка дозвола, па дури потоа да се положи и возачкиот тест за да се добие дозволата. Генерално гледано, часови за теоретскиот дел и часови по возење не се потребни во процесот за добивање на дозволата.

2) Добивање возачка дозвола во Индија е шокантно лесно



Во делови од Индија, возачка дозвола наводно може и да се купи без полагање на никаков тест, што е причината за исклучително лошата безбедност на индиските патишта.

Поради тоа, индиската влада во Њу Делхи бара поминување на практични тестови во кои е вклучено паралелно паркирање, возење во рикверц и возење низ 8 јамки со препреки на полигон.

3) Во Мексико до скоро не бил потребен никаков тест



Сè до 2017-та, многу граѓани на Мексико не требало да покажат никаков доказ дека се способни да возат за да добијат дозвола. Иако тоа варирало од регионот, во повеќето бил потребен само тест на крв (за да се имаат информации потребни во случај на несреќа), писмен тест и плаќање на мала сума на пари.

Сега во Мексико Сити е креиран закон со кој се побарува задолжителен тест за возење, во кој се вклучени лекции како и теориски и практичен тест.

4) Во Бразил има и психолошки тест



Бразил има некои од најтешките прописи кога станува збор за добивање на возачка дозвола. Пред воопшто да влезат во автомобил, кандидатите мора прво да направат психолошки тест за да се одреди дали се ментално способни за возење. Овој тест, меѓу другото, треба да го открие потенцијалот за агресија и знаци на злоупотреба на алкохол од страна на кандидатот.

Потоа, идните возачи треба да поминат 9 до 15 предавања, а дури по положувањето на обемните тестови возачите добиваат привремена дозвола во траење од една година. Само доколку за тоа време не се направи ниеден сообраќаен прекршок, се добива бразилската дозвола за возење.

5) Во Холандија е потребна психичка евалуација, а има и инструктори обучени за справување со кандидатите со анксиозност



Постарите од 75 години и иселениците во Холандија мора да добијат Сертификат за Фитнес, кој докажува дека се физички и психолошки способни да управуваат со возило.

За да се добие возачка дозвола, пак, покрај задолжителните часови, теориски и практичен тест, кандидатите можат да побараат „faalangstexamen“, инструктор специјално обучен да работи со луѓе кои имаат анксиозност.

6) Во Јапонија е најтешко да се добие возачка дозвола

Минималната возраст за добивање на дозвола во Јапонија е 18 години и практичниот тест кој секој кандидат треба да го положи е исклучително строг. Доколку возачот направи само една грешка – како на пример возење премногу десно во лента – веднаш го паѓа тестот. Само околу 35% кандидати успеваат да го положат овој тест.

Тој се одвива на полигон со слични услови како на улиците, каде возачите мора да одржуваат брзина од 30км/ч., и да следат строги правила како што е на глас кажувањето „вртам десно“ пред да го направат тој потег.

7) Во Сиера Леоне кандидатите треба да играат игра на табла за да положат



Наместо да посетуваат часови, идните возачи во оваа африканска земја мора да играат игра на табла. Таа е наречена „Начинот на возачот“ и е мешавина помеѓу Монопол, крстозбор и квиз, и преку која се учат сообраќајните правила, знаците и сл.

Потенцијалните возачи мора да ја купат играта за $14 и барем еднаш да ја изиграат пред да го полагаат практичниот тест.

8) На островот Св. Луција се чека долго за дозвола бидејќи има само 2 инструктори



На карипскиот остров Св. Луција идните возачи треба да положат само еден теориски и практичен тест, но на целиот остров има само 2 инструктори, па така редот за чекање за добивање на возачка дозвола е огромен. Поради тоа, често пати се случува да студентските дозволи и медицинските сертификати на кандидатите истечат пред да им дојде редот за полагање.

9) Жените во Саудиска Арабија смеат да возат од 2018-та



Сè до јуни 2018, на жените во Саудиска Арабија им било забрането да добијат возачка дозвола. Таа за мажите чини $120, а за жените помеѓу $500 и $800.

Жените возачи мораат да поминат и дополнителни 90 до 120 часа теорија и практични лекции пред да им биде дозволено да полагаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби