Неидентификуван летечки објект е забележан над кратерот на мексиканскиот вулкан Попокатепетл. На снимка, објавена од корисничката Кејт Мартин на Јутјуб, се гледа како нешто прелетува преку кратерот на вулканот.
На ова место ваквите појави се доста чести, сведочат локални жители кои често и ги снимаат НЛО-ата.
Блогерот Скот Воринг ги потврдува наводите и смета дека се работи, најверојатно, за „посетители од Вселената кои се заинтересирани да го проучат големиот вулкан“.