Данска планира да гради 9 огромни вештачки острови

Владата на Данска планира да изгради 9 вештачки острови на брегот на Копенхаген (на 10 километри јужно од градот) кои ќе зафаќаат површина поголема од 3 милиони метри квадратни. Новите острови ќе бидат наречени „Holmene“, а владата се надева дека тие ќе станат футуристички дом за нови одржливи бизниси и трговија – еден вид на европска „силиконска долина“.



Островите ќе бидат изградени со вишокот почва од градежните проекти во таа област, поточно од околу 26 милиони кубни метри материјал, а нивната конструкција треба да започне во 2022-та и првиот остров да биде оперативен по околу 6 години од тогаш.

Со сегашниот распоред, целиот проект би требало да биде комплетиран околу 2040-та.



Островите ќе бидат изградени со гребени и помали островчиња каде ќе живее разен вид див свет, а ќе имаат ветерни турбини за производство на електрична енергија.

Островите можат да бидат и тематски развиени, создавајќи најдобри услови за иновативните и истражувачки индустрии како што се оние поврзани со еколошката технологија, биотехнологијата и идни засега непознати сектори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби