7 идеи за тоа како би изгледал новиот Нотр Дам

Неколку дена по катастрофалниот пожар во катедралата Нотр Дам беше објавено дека ќе се одржи натпревар за реконструкција на оваа позната светска градба. Само неколку недели по оваа објава, архитекти од сите делови на светот ја споделиле сопствената визија.

Иако француската влада моментално нема јасен став во врска со тоа кои критериуми треба да ги исполнуваат предлозите, многу од архитектите сметаат дека е важно да се избегне идентична реконструкција и дека тоа би било слично како во самиот Лувр да се изложи копија на Мона Лиза.

Еве дел од предлозите:

1) Бел врв



Францускиот дизајнер Дејвид Деро ја опишал неговата идеја за реконструкција како „скромна, но иновативна, деликатна и прекрасна“, со врв со слична структура како оригиналниот кој беше уништен, но во бела боја.

2) Кристален кров



Дизајниран од италијанското студио Fuksas, стаклениот кров и кулата би биле осветлени навечер.

3) Урбана стаклена градина со кошница за пчели



Покрај креирање на естетски убава структура, архитектот Николас Абделкадер од Studio NAB сака да направи и нешто корисно – стаклена градина која би овозможила професионална реинтеграција на сиромашните со овозможување на тренинг во урбана агрикултура, хортикултура и пермакултура. Новиот врв би бил трансформиран во кошница за пчели.

4) Зраци светлина



Кристоф Пинге од студиото Shortcut сугерира катедралата да е осветлена со зраци светлина.

5) Стаклена призма



Францускиот архитект Александар Часанг предложи модерна реконструкција со стаклена призма од која би излегувал зрак светлина, со модерна архитектура репрезентативна на нашето време.

6) Помеѓу Земјата и небото



Архитектите од Vizum Atelier визуелизирале кула која на врвот преминува во сноп светлина кој се проектира кон небото. Бидејќи замислата е претставена како би изгледала навечер, не е познато како овој дизајн би функционирал на дневна светлина.

7) Стотици панели со витраж



Овој дизајн на студиото Aj6 прикажува кров и кула комплетно покриени со стаклен витраж.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби