Урбаната мобилност се трансформира со технолошките иновации како автономните автомобили, електричните возила и сл. Како што овие нови технологии се развиваат и ја менуваат формата на нашите опкружувања, неопходно е да застанеме и да размислиме како досега сме се движеле околу градовите.
Дизајнерското студио Carlo Ratti Associati во Париз ја има поставено изложбата наречена „Нов изглед за иднината на мобилноста“ каде ја презентира својата визија за тоа како урбаните автопати би изгледале во 2050 година, конкретно познатиот кружен автопат во Париз наречен boulevard périphérique.
Во предлогот на Carlo Ratti Associati е прикажана динамична распределба на патиштата за автономни возила и урбано земјоделство.
Базирани на научни истражувања од кои дел биле правени во MIT senseable лабораторијата, презентирани се 5 програми на кои се прикажани главните автопатишта од метрополитенската област на Париз. Првите 2 се посветени на boulevard périphérique, легендарниот автопат кој кружи околу Парз, долг повеќе од 35 километри чиј дел поминува под земја.
Во првиот предлог повеќе од половина сегашни ленти за автомобили се трансформирани во разни игралишта, додека во вториот серија од зелени станбени згради се поставени на периферијата.
Другите предлози се посветени на трите автопати во Ile de France регионот – во едниот масивниот А6 автопат наместо сегашните 12 има 4 ленти за автомобили, а неговиот централен дел содржи стаклени градини или фотоволтаични панели кои генерираат соларна енергија, додека другите два прикажуваат нови јавни простори кои на патниците им овозможуваат поефикасно пристигнување до нивната дестинација.