Контролната соба на Чернобил отворена за посета, но само на 5 минути

По хаваријата во Чернобил во 1986 (најлошата нуклеарна катастрофа досега), поголемиот дел од контаминираните области околу оваа нуклеарна централа биле затворени.

Забранетата зона сега се протега на скоро 2600 квадратни километри и таму е нелегално да се живее (иако неколку фамилии го прекршиле законот со тоа што повторно се вселиле), а не смеат да ја посетуваат луѓе помлади од 18 години.

Со декади, на туристите кои доаѓале во оваа област им било само дозволено да ги набљудуваат напуштените школски дворови, паркови и училници, реони кои веќе не се сметаат за опасни, а злогласниот Реактор 4 каде се има случено експлозијата бил затворен за сите освен за истражувачите, работниците кои работеле на неговото чистење и за неколку новинари. 

Туристичките компании во Чернобил сега решиле да им овозможат на туристите да ја посетат контролната соба на овој реактор, каде нивото на радијација и денес е околу 40 000 пати повисоко од нормалното.

За да се осигура безбедноста на посетителите, тие ќе мора да облечат заштитно одело, кацига, маска и индустриски чизми, а за време на турата која трае самo 5 минути, ќе бидат двапати проверувани за радијација.



По серијата „Чернобил“ која беше емитувана овој мај и која освои 10 Еми награди и беше исклучително добро примена од гледачите низ цел свет, туристичките компании пријавиле огромно интересирање за турите. Околу 85 000 туристи оваа година ја посетиле забранетата зона, а една целодневна тура чини околу $100 по човек.

Во јули, Украина го прогласи Чернобил за официјална туристичка агенција со цел да се регулира туризмот во оваа област, кој претходно не бил официјализиран па некои посетители ги поткупувале безбедносните службеници за нелегално да отстрануваат и да си земаат објекти од зоната.

Владата на Украина исто така планира да инвестира и во нови патеки и контролни пунктови, со кои би се подобрило искуството на посетителите на Чернобил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби