Лабораторија во Германија произведува едни од најсмртоносните вируси на светот

Римс е малечок германски остров во Балтичкото Море, опкружен со сина вода, многу зеленило и мали колиби кој наликува на мирна дестинација за одмор, но во ова навидум идилично опкружување, зад високи ѕидови и бодликава жица, се наоѓа истражувачката лабораторија класифицирана како една од најопасните во светот.



Оној кој посакува да ја посети оваа делумно подземна лабораторија мора да добие специјална дозвола, заштитна облека, како и да помине низ специјален туш. Причината за тоа е што истражувачите кои работат во неа се одговорни за националната, но и интернационалната контрола на разни болести. Тука се развиваат екстремно опасни вируси и бактерии вклучувајќи ги птичјиот грип, ебола, кравјо лудило и сл.

Институтот Фридрих Лефер, познат и како национален институт за животинско здравје во Германија, е истражувачки центар кој воглавном се фокусира на истражување на животински болести, од кои многу се фатални и за луѓето.

Поради тоа на овој малечок остров лоциран на најсеверниот дел од Германија може да му се пристапи само преку поминување на брана – која во случај на избивање на некоја од болестите, може бргу да се затвори и островот да биде изолиран.

Институтот бил основан во 1910-та за студирање на болеста на стапалото-и-устата, а именуван е според првата личност која открила дека оваа смртоносна болест е вирусна.

Лабораторијата била привремено затворена во 1913-та и повторно отворена во 1926-та за подоцна да биде користена за конструкција на биолошки оружја за време на Втората светска војна.



Неколку години подоцна, за време на Студената војна, научниците ја користеле за развивање на вакцини. Од 1992-та, институтот е претворен во национален институт за животинско здравје во Германија, а на неговата 100-годишнина во 2010-та, биле инвестирани 288 милиони долари од владата и тој бил проширен во најмодерен институт за истражување на животински болести во Европа. Таа година биле додадени и неколку лаборатории со 4-то ниво на биолошка сигурност, што овозможило истражувања на најопасните вируси на планетата.

Новата зграда се состои од 89 лаборатории и 163 штали каде се вршат тестирања на големи животни. Истражувачите од институтот се особено заинтересирани во „зооноси“, инфективни болести кои можат да се рашират од луѓето на животните и обратно. Такви болести, на пример, се маларијата, тенијата, беснилото и чумата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби