Нуклеарна гробница под ризик од отварање поради климатските промени

Две од најголемите закани за човештвото – климатските промени и нуклеарните оружја – може да се случат на Маршалските Острови.

За време на Студената војна, Пентагон има фрлено 67 нуклеарни бомби врз атолите на Маршалските Острови во Тихиот океан. Кон крајот на 1970-тите, озрачената почва и отпад од 6 различни острови (заедно со тони контаминирана почва од Невада) биле транспортирани до огромна дупка на островот Рунит, каде биле измешани со бетон и затворени во купола, т.е еден вид на „гробница“

Сега, оваа гробница може да напукне и да се отвори поради на зголемувањето на нивото на океаните и други ефекти од климатските промени.



Шупливата гробница наречена „купола Рунит“ или само „гробницата“ е составена од 45см дебела бетонска купола со дијаметар од 115 метри, чија задача била да го зачува радиоактивниот материјал предизвикан од нуклеарните тестови на САД.

Сега, истражување на тим од The Los Angeles Times и универзитетот Колумбија, сугерира дека куполата е под ризик од колапс. Во серија од 5 патувања, тие документирале дека таа е покриена со пукнатини кои се влошуваат поради сè поголемите температури, а зголеменото ниво на водата предизвикува радиоактивниот материјал да истекува во неа.

Во јули 2019-та, студија покажала дека одредени региони од Маршалските Острови имаат ниво на радијација кое може да се спореди со она блиску Чернобил и Фукушима.



Овој проблем има многу реален потенцијал повторно да ги започне старите политички препукувања. Во 1986-та, Маршалските Острови потпишале независност од САД, што значело дека владата на САД повеќе не е одговорна за било какви идни проблеми поврзани со нуклеарните тестови за време на Студената војна. Иако САД се согласиле да платат за повторно преселување и здравствена заштита на оние погодени од историските нуклеарни тестирања, постои двоумење кога се работи за „гробницата“. Маршалските Острови веќе се обиделе да лобираат кај владата на САД за помош со овој проблем, но тие тоа го одбиле со тврдење дека куполата е одговорност на владата на Маршалските Острови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби