Лабубу манија: Зошто сите полудуваат по овие чудни кукли?

Во светот на модерните дизајнерски кукли и играчки, постои еден тренд кој последнава години привлекува сè поголемо внимание меѓу колекционерите, љубителите на Hermes, па дури и обичните луѓе обожаваат трендови.

Станува збор за Лабубу (Labubu) куклите – уникатни, малку чудни, но симпатични фигури што потекнуваат од Азија и имаат култен статус меѓу фановите на уметнички дизајнирани играчки.

Што се Лабубу куклите?

Лабубу е карактер креиран од Kasing Lung, тајвански уметник кој работи со компанијата Pop Mart, кинески гигант во светот на blind box (затворени кутии) фигури. Лабубу е само еден од ликовите во неговиот фантастичен свет наречен The Monsters.

Овој лик е обично прикажан со големи очи, остри заби, широко насмеано лице и изразен карактер. На прв поглед, изгледа чудно, па дури и застрашувачки, но токму таа необична естетика е она што го прави толку привлечен.

Лабубу доаѓа во многу верзии, облечен во различни костими, со сезонски или празнични теми, приказни и мини-серии кои го претставуваат во различни улоги, од волшебник, преку авантурист, до духови и чудовишта.

Зошто Лабубу куклите посебни?

1.Blind box концепт



Секој Лабубу доаѓа спакуван во мала кутија без надворешен опис, така што не знаете кој дизајн ќе го добиете. Ова создава елемент на возбуда и изненадување, а воедно ја поттикнува колекционерската култура. Освен тоа секоја серија има по еден уникатен примерок кој се разликува од другите, што дополнително ја зголемува возбудата во потрагата.

2.Уникатен уметнички стил

Kasing Lung користи елементи од бајките, темни фантазии и детска имагинација, создавајќи ликови што се на границата меѓу симпатично и морничаво. Лабубу има необичен шарм што им се допаѓа и на возрасни и на деца.

3.Колекционерска вредност

Некои Лабубу фигури се исклучително ретки (chase figures), а тоа значи дека вредноста им расте со времето. Постои цела заедница на обожаватели кои разменуваат, купуваат и продаваат Лабубу кукли ширум светот.

4.Kвалитет на изработка

Иако мали по големина (околу 7-10 см), куклите се изработени од висококвалитетна пластика со детална завршна обработка, што ги прави привлечни не само визуелно туку и физички.

5.Одличен додаток за чанта



Лабубу куклите им се омилени на оние кои редовно купуваат чанти во Hermes. Па така малата кукла стана совршен додаток на екстра скапите модели на чанти како Биркин и Мини Кели.

6. Вирален хит

Сепак, она што ги направи Лабубу куклите апсолутен хит во светот, несомнено се социјалните мрежи како TikTok, Instagram и YouTube, каде фановите објавуваат видеа на отварање кутии, покажуваат колекции и ги преправаат куклите во свој стил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат две плавуши по улица и едната од нив наоѓа огледало. Го кренала таа огледалото гледа во него и вика:
- Еј, ја знам женскава од негде. Сум ја видела и порано.
Другата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1599.- Роден е шпанскиот сликар Диеро Родригес де...

1606.- Роден е францускиот писател Пјер Корнеј,...

1654.- Шведската кралица Кристина Аугуста која...

Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби