Како да ги потикнеме зелените навики и селектирањето на отпад кај младите?

Младите отсекогаш се главните двигатели на големите и важните случувања во нашето општество. Во потрага по одржлива иднина, тие имаат огромна моќ да направат промени и да ја зачуваат животната средина здрава и чиста, за нив, но и за сите идни генерации. Сепак, видливо е дека нивото на еко-свесност и едукација е сè уште релативно ниско на нашето поднебје.



Како што и самите знаат да кажат, младите уживаат да се собираат на нивните омилени места по паркови, игралишта, да се дружат пред “Силбо”.... Секое населено место низ Македонија си има свој јавен простор, свое збирно место каде што гласно се слуша младешката смеа и возбудливите разговори. Но, видливо е дека на овие јавни површини или збирни места, се собираат и расфрлаат големи количества на отпад, кој по правило треба да биде депониран во селективни контејнери. Се прашуваме, дали и колку од овие млади луѓе се запознаени со процесите за селектирање и рециклирање на отпад? Дали нивната еко-свест е разбудена или затрупана во некоја депонија?

Рециклираме или селектираме?

Често може да слушнеме изјави како “Еј бев да ги рециклирам пластичниве шишиња во контејнерите на Пакомак”. Но, колку е тоа точно? Рециклирањето е процес на преработка на веќе користени материјали за да се создадат и добијат нови употребливи производи. Додека пак, селектирањето, едноставно кажано, е процесот кога вие го делите вашиот амбалажен отпад во различни категории : хартија, пластика, стакло, итн., и го носите и депонирате во селективните контејнери на Пакомак. Зелените контејнери за одложување на стакло, жолтите за пластика и лименки, и сините за хартија, може да се забележат речиси во секое населено место низ Македонија. Бројот на поставени контејнери се зголемува, а нивните стратешки одбрани позиции овозможуваат се’ поголем број на корисници да имаат лесен пристап до нив.

Дополнително, пластичните шишиња и алуминиумските лименки можете да ги депонирате и во Повратните вендинг машини (ПВМ) на Пакомак. Тие се поврзани со мобилна апликација ЕкоМак, и преку овој систем на одложување и управување со отпадот граѓаните имаат можност за секое одложено шише или лименка да добијат „зелени поени“, кои потоа преку апликацијата можат да ги искористат за плаќање на сметки, комунални трошоци, купување влезници за настани или пак да ги донираат за некоја од хуманитарните организации предвидени во апликацијата.

Зелена едукација- клучот за креирање на еколошки свесна младина



Во клучните години од својот развој, еден млад човек треба зелено да се образова, да се информира и да створи навика за селектирање на отпад. На тој начин се шири и глобалната порака за грижата и заштитата на животната средина. Селектирањето на отпад во контејнерите на Пакомак не мора да го чувствуваат децата и младите како обврска, туку процесот на еко-едукација нека започне прво како игра, која потоа ќе им стане и секојдневно врежана навика. Амбалажниот отпад од пластика и алуминиум тешко и бавно се разложува во природата, што значи дека секое фрлено парче отпад на погрешно место директно придонесува кон загадувањето на природата. Затоа е важно да се осигураме дека отпадот нема да заврши во депонија, туку во повратните вендинг машини на Пакомак. Младите треба да се потикнат да бидат одговорни и совесни, и да се вклучат во ширењето на еколошката свест на локално ниво, во општините каде што живеат. Грижата за животната средина е чувство кое треба да биде дел од секој еден од нас, ако сакаме да бидеме одговорни, здрави и среќни граѓани во нашата заедница.

Затоа, ве охрабруваме, да станете и вие млади зелени активисти. Вложете напор да ги информирате и едуцирате вашите соученици, пријатели и познаници колку селектирањето на нивниот отпад навистина може да направи позитивна еколошка промена. На овој начин, бидете сигурни дека вашите зелени навики придонесуваат зa да “градот убав пак никне”.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат две плавуши по улица и едната од нив наоѓа огледало. Го кренала таа огледалото гледа во него и вика:
- Еј, ја знам женскава од негде. Сум ја видела и порано.
Другата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1599.- Роден е шпанскиот сликар Диеро Родригес де...

1606.- Роден е францускиот писател Пјер Корнеј,...

1654.- Шведската кралица Кристина Аугуста која...

Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби