Самохран татко посвоил девојче со Даунов синдром одбиено од повеќе од 20 семејства

Низ светот постојат илјадници деца сираци кои со нетрпение очекуваат да го пронајдат својот нов дом. Сепак, за многу од нив, оваа желба никогаш нема да биде исполнета, бидејќи многу родители не би се нафатиле да ги посвојат.


Малата Алба е девојче родено со Даунов синдром, состојба поради која била отфрлена од својата мајка, роднините, а воедно и од повеќе од 20 семејства. Само 13 дена од раѓањето, приказната за Алба добива среќен крај кога самохраниот, Лука Трапанесе, решава да ги поднесе документите за посвојување без разлика на синдромот.

-Кога првпат ја зедов во раце бев обземен од радост. Веднаш почувствував дека ми е ќерка. Тогаш за првпат држев новороденче. Претходно, се плашев. Но, кога првпат ја држев Алба, знаев дека сум подготвен да ѝ бидам татко, вели тој.

Првично социјалните служби го одбиле неговото барање за посвојување бидејќи немал партнер, но потоа решиле да направат исклучок и да му го доделат старателството.

Како што вели и самиот, неговиот случај ги уништува сите  стереотипи поврзани со семејството, татковството и религијата.

Две години подоцна, малата Алба живее среќно и исполнето, а Лука во меѓувреме напишал и книга во која го раскажува целото искуство околу посвојувањето на дете со Даунов синдром. Тој редовно споделува фотографии од својата ќерка на Instagram и заедно со своите пријатели и соработници ја зголемува свесноста за децата и возрасните со посебни потреби и за тоа како треба да бидат прифатени во општеството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби