Германски град лежи на илјадници тони дијаманти

Жителите на гратчето Нердлинген, Германија, знаат дека живеат на, според стручните пресметки – 72.000 тона дијаманти, но немаат намера да го урнат цел град за да се збогатат.



Огромниот извор дијаманти под градот во германската покраина Баварија настанал пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на вселенското тело била еден километар, баш колку и денешен Нердлинген, а бил тежок околу три милијарди тони.

Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно колку да настане мешавина од стакло, кристали и дијаманти, наречена суевит. Кога гратчето почнало да се гради, првите жители не знаеле за ова. Со години верувале дека потеклото на кратерот е вулканско, сè додека во 1960-тите не е утврдено дека тука паднал астероид. Суевитот околните жители го користеле како градежен материјал.

Количината на дијаманти е огромна, но не можат да постигнат добра цена бидејќи се помали од 0,2 милиметра. Така, не вреди да се разурне цел град за да се дојде до „богатството“.

Нердлинген, сепак, профитира на друг начин – туристи од целиот свет доаѓаат тука за да ја разгледаат светкавата архитектура, како и заради музејот Рис кратер, во кој се изложени примероци од кратерот од астероидот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби