Kарлос има 80 години и достигнува рекорди во планинарење

Карлос Сорија е 81-годишен Шпанец, обожавател на планинарењето. Вели дека кога ќе излезе од дома за да тренира по планините околу Мадрид, носејќи заштитна маска, тоа го потсетува на времето минато на Хималаите…

– Најмногу сум горд што никогаш немав поголеми проблеми со смрзнатини и никогаш никој не ме спасувал. Отсекогаш сум успевал да се искачам на врвот и да се симнам сам, вели Карлос.

Роден е во Авила, североисточно од Мадрид и целиот свој живот го минал во искачување планини. Последниве две децении тој поставува рекорди што со право прават да се смета за навистина единствен во светот. Имено, Шпанецот се искачи на 11 од 14-те највисоки врвови на светот по својот 60. роденден. За кратко беше најстарата личност што се искачила на Монт Еверест, на 62-годишна возраст, а до 70 години возраст ги имаше искачено највисоките врвови на сите седум континенти.

Тој сега носи маска поради пандемијата на коронавирусот, но очекува оваа пролет да се искачи на планината Даулагири во Непал и на Шишапангма во Тибет, наесен – повторно, на Хималаите.

Се надевал дека минатата година ќе ги достигне сите 14 врвови, но неговите планови биле спречени од пандемијата. Кога ќе се искачи на двата наредни планирани врва, вели дека ќе им оддаде почит на жртвите на коронавирусот.



Карлос дотогаш се подготвува и одржува форма на планинскиот венец Сиера де Гвадарама недалеку од Мадрид, а дома има и вежбалница со тегови, статичен велосипед, ѕид за искачување и друго. Иако лани имал и операција на коленото, тврди дека нема поголеми физички проблеми.

– Ја изгубив малку стабилноста во нозете, силата и малку менталната острина. Но, кога бев на Хималаите, никогаш не се почувствував како старец што сака да види дали може да успее. Постарите имаат замисла дека „играта“ е повеќе околу нив. Има и такви кои велат „добро, јас веќе имам 70 години, но не е важно“. Тоа се убави години!, заклучува тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби