Го уапсиле зашто украл младенче од камила за својата девојка

Полицијата во Дубаи уапси човек затоа што украл скапоцено младенче од камила, со цел да ѝ го подари на девојка сѝ за роденден, објави државниот весник на Обединетите Арапски Емирати.



Сопствениците на бебето-камила пријавиле кражба на нивната фарма на почетокот на овој месец, па полицијата во Дубаи, првично, безуспешно ја пребарувала областа. Неколку дена подоцна, граѓанин пријавил дека на неговата фарма се појавила заскитана камила. Вторава фарма е оддалечена околу три километри од домот на животното.

Всушност, „загрижениот граѓанин“ се исплашил да не му влезат вo трага, па да го уапсат.

За време на испрашувањето, крадецот прво се обидел да лаже, но наскоро признал дека упаднал во фармата на неговиот сосед и го украл малечкото од реткиот вид камила. Полицијата ја вратила камилата кај сопствениците и ги уапсила осомничениот и неговата девојка, обвинувајќи ги за кражба и лажна изјава.

Камилите некогаш биле составен дел од секојдневниот живот во Дубаи, кој сега е светска метропола и „град на иднината“ во Персискиот Залив. Некои луѓе сè уште одгледуваат камили заради храна и млеко. Во Емиратите и трката со камили е многу популарна забава, како и изборот „Мис Камила“ што се организира за да привлече туристи и трговци кои се подготвени да платат и милиони долари за најценетите раси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби