Тинејџерка тргнува на патување од 51.000 километри околу светот

Тинејџерката од белгиско-британско потекло, Зара Радерфорд тргнува на патување од 51.000 километри околу светот со својот ултра-лесен авион „Шарк“ – најбрзиот микро-авион во светот. Авантурата започнува на 11-ти август.



Ако потфатот успее, девојката ќе биде најмладата личност која со мало воздушно летало го обиколила светот и најмладата жена која го сторила тоа. Сегашниот светски рекорд го држи Шајста Вајз која го заврши своето патување на 30-годишна возраст.

Радерфорд се надева дека на овој начин ќе им го отвори патот на девојчињата и жените во областа т.н. СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) и ќе ги инспирира другите да ги следат нејзините стапки.

– Сакав да летам низ светот, нека ме видат девојките и да си помислат – „би сакала и јас да летам еден ден“. Во авијацијата, постои разлика меѓу мажите и жените. Значи, мојата цел е да се доближам до рекордите, а потоа се надевам дека другите девојки ќе се обидат да го надминат мојот рекорд и ќе почнат да се натпреваруваат со момчињата!, додава таа.

Родителите на Зара, Беатрис де Смет и Сем Радерфорд, и двајцата се пилоти. Но, мајка ѝ имала „измешани чувства“ кога ќерка ѝ ѝ ги соопштила своите намери.

– Ми требаше време „да го сварам“ тоа… Но, сега сум многу горда и целосно, потполно ја поддржувам, вели Де Смет.

Тинејџерката ќе го финансира патувањето сама и со помош на спонзор, па се надева дека ќе го заврши патувањето за околу два до три месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби