Ричард Бренсон гради најлуксузен хотел на Мајорка

Британскиот милијардер, бизнисмен и обожавател на Мајорка, Ричард Бренсон почна да гради раскошен хотел на овој шпански остров, инаку популарен меѓу туристите „со подлабок џеб“. Откако сопственикот на „Вирџин галактик“ 10 години имаше проблеми со властите на Мајорка, сега конечно изградбата на хотелот е во тек.



На местото на вилата „Сон Буњола“ во западниот дел на островот ќе никне нов луксузен хотел со 29 соби. Бренсон од детството го посетува островот Мајорка и пред неколку години изјави дека сака таму да го изгради „најдобриот хотел на светот“… Подоцна го смени описот во „најлуксузниот хотел на Средоземјето“.

Бренсон го купи имотот од 300 хектари во 1994 година, но го продаде во 2002 година бидејќи владата одби да му издаде градежни дозволи. Но, богатиот претприемач не се откажа, туку повторно го купи имотот во 2015 година за 15 милиони евра. Последната дозвола потребна за градба Владата ја одобри дури на почетокот на летово.

Притоа, Бренсон мора да се придржува до строгите правила и не смее да го прошири хотелот надвор од дозволените димензии, а изградбата „мора да мирува во сезоната на парење на птиците“, меѓу февруари и јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби