Топ-модел со попреченост – инспирација и поттик за многумина

Тајла Клемент била отфрлена во училиште бидејќи децата ја тормозеле поради нејзиниот изглед. Имено во животот ѝ е ускратено едно важно задоволство – насмевката.



Оваа млада девојка од Нов Зеланд е родена со ретко невролошко нарушување наречено „Мобиус синдром“, кое се карактеризира со парализа на лицето. Тајла не може да ги движи веѓите, очите, ни горната усна, па не може ни да се насмее… Но, и покрај сите тешкотии коишто ги доживеала како тинејџерка, неодамна таа потпиша договор со модната агенција „Zebedee Talent”. Нејзината животна приказна го обиколи светот и служи како инспирација и поттик за многумина.

– На тоа гледам како на бесплатен ботокс!, се шегува таа за списанието „Cheery”.

– Но, недостатокот на насмевка не ме спречува да бидам среќна и да се забавувам, додава девојката со очигледно квалитетна смисла за хумор.

Сепак, таа не била секогаш така среќна, бидејќи и наставниците ја третирале поинаку. Тоа не ги олеснувало работите доволно, па не уживала во учењето.

– Не си поминував убаво на училиште, па станав асоцијална и не излегував од дома, вели таа.

Нејзините родители со години се обидувале да ѝ ја вратат насмевката со низа естетски операции. Првпат на 11 години – неуспешно… По што имала потешка депресија. Сепак, тешкотиите низ кои минала Тајла не ја скршиле. Во сѐ тоа нашла сила и верба во себе.

– Работев многу на себе и сега немам никакви проблеми во друштвениот живот. Целосно се прифатив себеси, пред само неколку години. Ми требаше многу време да создадам добро мислење за себе, но стануваше сѐ подобро и подобро, раскажува Кајла.

Таа повеќе не бега од камерата и фотоапаратот и ја раскажува својата приказна на интернет, за да ја поттикне свеста за важноста на уникатноста на луѓето. Нејзиното семејство одиграло важна улога во сѐ тоа.

– Моите родители беа неверојатни, дури и кога бев помала, никогаш не се однесуваа поинаку со мене и навистина сум благодарна за тоа. Секогаш ме сакаа и ме поддржуваа во сѐ што сакав да постигнам. Среќна сум што ги имам, истакнува Тајла.

Таа престанала да се жали и го избрала патот на самодовербата. Во тоа ѝ помогнале и медитацијата и одењето во теретана.

– Веќе не се плашам од другарувањето. Навистина, сакам да го минувам времето сама, но во истовреме, веќе не ми е проблем да бидам околу луѓе и да се дружам, додаде таа.

Оваа храбра девојка вели дека веќе не ја чува лутината кон луѓето кои ја тормозеле. На сите оние кои се различни и не знаат да се прифатат себеси, таа им порача:

– Ако некој ве малтретира, мора да знаете дека проблемот не е во вас, туку во лошите луѓе кои сакаат да повредат други. Не треба да се менувате за да бидете прифатени, треба да бидете прифатени без разлика на сѐ!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби