Како да не правиме отпад!

Во свет кој се повеќе се бори со еколошките последици од прекумерното правење на отпад, станува императив за поединците да преземат одговорност и да направат свесен избор и да продуцираат отпад најмалку што е возможно. Секој човек има моќ да направи значителна разлика со усвојување едноставни, но практики што ќе извршат влијание и ќе придонесат за почиста и поодржлива средина.

Еден од ефикасните начини да се прави помалку ѓубре е практикување внимателна потрошувачка. Тоа би значело, пред да се купи нешто да се постави прашањето: Дали ова е нешто што ми е навистина потребно? Да се посвети внимание на пакувањето на производите, дали амбалажата е минимална или еколошка. Понекогаш е добро некои производи да се купуваат на големо и да се избегне прекумерно завиткување. На тој начин може да се избегне натрупување на отпад во домовите и во депониите. Просечено семејство произведува околу 4 килограми отпад дневно, што е премногу за еко-системот на планетата.

Треба да се свртиме кон повеќекратната употреба што ќе отвори нови алтернативи како што е отфрлање на предметите за еднократна употреба како што се: пластични кеси, пластични шишиња за вода и сл. Однесувањето не бара некакви драстични промени за да бидеме еко-свесни, едноставните работи како носење платнена торба за пазарување, термос за вода и пијалоци, дрвени прибори за јадење итн. може да направат голема промена во секојдневието.

Голема улога играат и компаниите, како што е Пакомак, посветени на грижата за околината преку своите програми за рециклирање и одложување отпад. Секако, луѓето се клучните играчи, а компаниите се поддршката што не смее да изостанува, и е многу важна.

Компостирањето исто така е стар и природен начин на рециклирање на органскиот отпад. Оваа практика го намалува отпадот што завршува во депониите. Со компостирање се намалува емисијата на стаклени гасови и се помага почвите да бидат почисти и богати со хранливи материи. Компостирањето може да се изведе со забрзување на начинот на кој природата рециклира, биотермички метод на разградување на органските материи до состојки кои се безопасни за човекот и околината. Резултатот е компост, смеса од органски отпадни материи што под дејство на кислород и микоорганизами се разградуваат до ѓубриво. Компостот е, пред сè висококвалитетно органско ѓубриво.

Подигнувањето на колективната еко-свест и едукацијата за важноста на оваа тема може да ги охрабри луѓето и заедницата да се приклучат и да имплементираат одржливи практики во секојдневниот живот. Меѓусебното споделување на искуствата и знаењата, со најблиските и заедницата, всушност придонесува за поттикнување на внимателна потрошувачка и охрабрување да се стори промена во личниот живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби