Возбудливо финале на ТРИУМФ: Најекстремни предизвици досега за награда од 3.000 евра

Многу адреналин, најекстремни каскадерски предизвици досега и тестови на издржливост и храброст до крајни граници. Вака може да се опише финалната епизода, со која заврши првата сезона на адреналинското шоу ТРИУМФ, кое се емитува на платформата GLEY или на YouTube каналот LAZAROV, и кое со секоја нова епизода соборува рекорди на гледаност.



Последната и најекстремна епизода на ТРИУМФ заврши со триумф на тимот од Крива Паланка, кој во директна борба со екипите на Новаци и Неготино стигна до паричната награда од 3.000 евра. Натпреварувачите во финалето мораа да се соочат со опасни предизвици кои вклучуваа змија, лебарки, мраз и ковчег, тестирајќи ја својата храброст и издржливост на патот до примамливиот паричен износ.

Финалната епизода донесе и променет формат со само една главна игра, а како и секогаш, имаше и мини-игра пред главниот настан, која одреди кој тим ќе има предност и кој прв ќе стартува. Тимовите мораа да се потпрат на брзината и стратегијата за да добијат предност пред своите ривали. Главната игра беше поделена во четири сектори, кои претставуваат единствени и огромни предизвици. Форматот на натпреварот ја тестираше не само физичката сила и издржливоста на натпреварувачите, туку и брзото размислување и тимската работа под притисок. Секоја секунда е важна, а најмала грешка може да чини конечен триумф.

Најновата епизода (финале) веќе е достапна и на YouTube каналот на Лазаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби