Неколку часа по доделувањето на Оскарите, светот доби нова супер ѕвезда. Не тоа не е некој од екипата на филмот „The Artist“’, кој ги собра најпрестижните статуетки на Американската филмска академија,- туку десната нога на Анџелина Џоли!
Анџелина на секоја фотографија и дозволуваше на својата нога за заблеска во полн сјај, што го привлече вниманието на многумина. Десната нога на Џоли прво доби и свој Twitter профил, кој го следат околу 38,000 лица, а сега на интернет почнаа да се појавуваат фотографии во кои главен протагонист е батакот на Анџелина Џоли. Погледнете ја историјата низ очите, односно прстите на познатата нога.