
Веруваме дека на ретко кој би му паднало на памет со помош на трајна тетоважа да симулира искината кожа, бебе во стомакот или нагласување на фактот дека „поседувате“ јајници.
Се надеваме дека бар некои од овие луѓе сфатиле каква грешка направиле кога седнале на столицата на мајсторот за тетовирање и побарале уметничко дело со анатомски мотиви.
На некои им фалел мозок, па си го истетовирале, некои со тетоважа надоместиле за немањето дете, додека други со нацртани срца го обележале почетокот или крајот на љубовта.