Исповед на батлерот на Тито – Јоже Оселија

Јоже Оселија е последниот батлер кој го служел југословенскиот претседател, Јосип Броз Тито. Тој е популарен словенски готвач, член на Француската кулинарска академија, како и готвач на Мис на светот во Сејшели. Во 1972 година се нашол на вистинското место и во вистинското време, заедно со неговата жена Метка.



На почеток, почнал да работи во собранието на Словенија. Мајка му цел живот била домаќинка, а татко му бил воен музичар. Интересно е тоа што само татко му бил единствената врска со Белград, бидејќи таму свирел по свадби секој викенд. Откако му го срушиле детскиот сон да стане кошаркар, поради здравствени проблеми, се вработил како келнер во собранието. Почнал многу да работи, бидејќи му помагал и на Винко, кој бил шеф во резиденцијата на Тито во Крањска Гора. Во август 1972 година Винко заминува  на подолг одмор, па Јоже и Метка го замениле.

Првата средба со Тито била кратка, а потоа сè повеќе се зближувале.



- Нашата работа кај Тито беше идеална. Многу имаше работа, но имавме слобода да научиме да работиме и да ги менуваме јадењата. Сè што замислувавме можевме да го направиме. Одевме по набавки во Италија и Австрија, но не трошевме постојано. Еднаш од стари завеси направивме чаршафи, кои ги забележа и Јованка. За неа беше многу важно што јас и Метка сме брачен пар.

Тие никогаш не слушнале ниеден лош збор од Јованка. Исто така Јоже ги негира и гласините дека Јованка ја бркале од резиденцијата, туку тие како и секој нормален пар се карале од време на време. Јованка била многу важна во животот на Тито и многу ја сакал. Еднаш тројца функционери го убедувале да се разведе од неа, но тој никако не попуштал. Јованка целиот живот се грижела за Тито и постојано била со него. Знаела сама да патува од Словенија во Србија, но секогаш се договарале предвреме со Тито.



Тито речиси секое утро одел на базен, а потоа на масажа. Додека тој се релаксирал, Јоже заедно со послугата му спремале појадок. Секој ден појадувал неколку парчиња говедско месо, како ребренца но не со коски, туку со бела ’рскавица. Малку јадел тој, а малку му давал и на кучето. По појадокот шетал заедно со Јованка, а потоа пиел кафе – кратко и чисто еспресо, без млеко, без шеќер и никогаш не пиел турско кафе. За ручек и вечера никогаш немал некои желби, туку секогаш го јадел она што му го подготвувале. Навечер знаел да гледа филм, а потоа пиел чај од женшен, па следувало базен и повторно масажа.

И за целата оваа работа и посветеност Јоже и Метка немаат ниедна пара во пензија. Целата плата од 70.000 динара, им ја давале на рака. Но, Тито секогаш бил дарежлив, па освен оваа плата секогаш кога одел во резиденцијата во Словенија им давал бонуси во коверти и тоа на сите вработени. Дури и додека бил во болница, тие непрестано работеле, каде што исто така им било платено!

Со него биле 24 часа. Додека можел да јаде нормална храна – му ја подготвувале. Кога веќе не можел сам да јаде, Метка го хранела лажичка по лажичка, додека не прими 1.500 калории, како што налагале докторите. Кога веќе ни тоа не можел да го јаде, нарачувале од НАСА специјална храна која ја јадат астронаутите во вселената. И на крај, само инфузијата го одржувала во живот неколку дена.

- Тоа беше едно многу убаво време. Никогаш не би ја сменил службата кај претседателот Тито, дури и некој султан да дојде и да ми даде златен Ролс ројс!

Извор: Novi Magazin



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби