Нешта кои ги дознаваш после смртта

Едно утро, три недели по смртта на мојот брат, се разбудив со чудно чувство дека е покрај мене. Дури го слушнав и неговиот глас.

Мислев дека тагата ме совладала и сум започнал да си ги замислувам нештата. Но, гласот беше кристално јасен и продолжуваше да ми зборува кажувајќи ми нешта кои до тогаш ги немав слушнато. Ми објасни дека не треба да тагувам и дека животот е многу повеќе од она што мислиме дека е. Едно од главните нешта кои ги правиме на оваа планета е да се сетиме на нештата кои сме ги правеле претходно, но кога умираме сфаќаме дека во суштина постојат мал милион нешта кои не сме успеале да ги разбереме.

Животот на земјата не е казнување за минатите грешки –ништо од она што ти се случува не е казна за некој минат живот, за нештата кои си ги направил/а во некое друго време и на некое друго место. Концептот на животот не е око за око, заб за заб.

Животот што го живееш го избираш пред да се родиш - луѓето го избираат животот кој ќе го живеат за да ја научат својата лекција. Ако во текот на животот ги разберат сите причини зошто се тука, животот нема да ја исполни својата цел, да ги научи на потребната лекција.

Сè се менува - кога умираш ја сфаќаш промената, дознаваш дека постојат бесмртни нешта и нешта кои остануваат со тебе, но сепак се менуваат. Се е привремено и менливо.

Животот е убав - без разлика дали поминуваш низ добри или лоши нешта, животот е убаво искуство. Негативните случувања се само дел од она што мора да се случи.

Луѓето не разбираат некои нешта - човечките суштества не можат да ги разберат нештата кои се косат со нивната логика, па затоа најлесно им е да ги негираат. Пред да се впуштиш во осудување на постапките на другите луѓе можеби треба да размислиш дали нештата навистина се такви како што изгледаат.

Општеството наметнува ограничувања – иако додека си на овој свет учиш најразлични работи, во суштина во себе веќе ги поседуваш сите нешта кои ти се потребни. Преставуваш нешто што не може да се објасни со логиката на твоето сфаќање. Токму затоа животот во човечка форма понекогаш може да биде мошне болно искуство.

Сè e енергија – во центарот на сите нешта е енергијата на љубовта. Но, љубов која е далеку повозвишена од онаа што ја познаваме.

Смртта не е страшно искуство – сосема напротив преодот од овој на оној свет е подобар од што очекуваш. Збогувањето со луѓето воопшто не е толку сериозно како што изгледа бидејќи повторно ќе се сретнеш со нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби