Една од учесничките на контроверзното шоу „Dating Naked“ реши да бара оштета од 10 милиони долари бидејќи продукцијата и VH1 не и ги затскриле интимните делови како што претходно било договорено.
Во една од сцените интимата на моделот Џеси Низевитц е прикажана целосно и без цензура, по што таа веднаш реши да тужи. Иако во шоуто кое ги спојува љубовните парови сите се појавуваат како од мајка родени, материјалот кој што се прикажува на телевизија е цензуриран, но по се изгледа не сакајќи бил испуштен мал дел.
-Се почувствував излажано, манипулирано и искористено. Ужасно ми е!, вели Низевитц која додава дека по завршувањето на шоуто и емитувањето на нејзината гола вагина, не добила повик ниту од момчето со кое започнала врска.