Да се биде татко на ќеркичка: „Никој не ми кажа дека...“

Многу татковци велат дека не знаеле што е вистинска љубов додека не ја земале за прв пат во раце својата ќерка. Односот татко-ќерка секогаш е посебен, и не постои речиси ништо на светот што може да го наруши. Но, еден татко одлучил да ги предупреди сите идни татковци на девојчиња на одредени работи кои никој не му ги кажал претходно. Брет Спирс го сподели неговото искуство преку порталот Huffington Post.



„Никој не ми кажа дека толку брзо ќе почне да им обрнува внимание на момчињата.“

Брет никој не го подготвил на тоа дека неговата ќеркичка Мери Грејс толку рано ќе почне да ја интересираат момчиња. Тој, како и сите други татковци, бил многу заштитнички настроен и сметал дека момците се предатори, а девојките „жртви“.

Меѓутоа, сето тоа паднало во вода кога еден ден, неговата миленичка изјавила дека и’ се допаѓа келнерот од кафулето во теретаната. Келнерот имал 19 години, а Мери Грејс само 3.

„Никој не ми кажа дека можам уште повеќе да се заљубам во мојата сопруга.“

Брет тврди дека неговата ќеркичка направила тој да почне многу повеќе да ја разбира неговата сопруга. Нему претходно често не му било јасно зошто неговата сопруга толку се растажува кога им пропаѓаат некои планови, а потоа сфатил дека истото тоа го прави и малата Мери Грејс. Со оглед на тоа што чувствата на неговата ќеркичка се чисти и невини, Брет сфатил дека веројатно и неговата сопруга се чувствува слично. Така воочил дека таа често има реакции како на дете, што направило уште повеќе да се заљуби во неа.



„Никој не ми кажа дека ќе ја сменам перцепцијата за женската анатомија.“

Една „гнасна“ пелена успеала во потполност да го промени гледиштето на женската антомија на овој човек.

Резултатот на откривање на минијатурната детска вагина која е извалкана со измет е зашеметувачки. Буквално стоев над мојата ќерка држејќи влажни марамици, отстранувајќи ги и најмалите траги од „каки“ од нејзините женски делови, искрено открива овој татко.

„Никој не ми кажа дека ќе станам феминист.“

Брет тврди дека штом се родила неговата ќеркичка, тој автоматски станал феминист.

„Никој не ми кажа што ме чека на другата страна на сета таа љубов и нежност.“

Она што го чекало било – бес и лутина. Тој признава дека неговата ќерка може да го врти околи малото прсте кога и да посака, и тврди дека тоа е најголемата љубов на светот. Иако на идните татковци на ќерки често им се говори „мислиш дека знаеш што е љубов, но допрва ќе видиш“, никој не ги предупредува што се наоѓа на другата страна на љубовта и нежноста.

Имено, тој се сеќава дека често шетал со неговата ќеркичка низ улиците, чувствувајќи се толку заштитнички, што бил подготвен физички да се пресмета дури и со оние кои би помислиле да му го пресечат патот. Тој не можел ни да помисли на неговата миленичка нешто да и недостасува, без при тоа да му се јави чувство на лутина.

„Никој не ми кажа дека розовата боја е важна.“

Овој татко тврди дека повеќе пати видел како неговата ќерка се дави во солзи заради тоа што нејзината омилена розова чинија е во машината за миење садови. Кога ја прашале што сака да добие за Нова година, таа рекла куќа за барбики. Но, не било каква, туку куќа со розова боја.

„Не сум верувал дека девојчињата ја планираат својата венчавка уште од нивните најмлади денови.“

Ова му го посочила неговата сопруга, но Брет никогаш не поверувал додека не видел со свои очи и слушнал со свои уши како тоа го прави неговата мала керќичка. Тој смета дека за ова се виновни сите цртани филмови на Дизни.



- Секое парче бел материјал во куќата може да биде одличен повод да се одглуми цела венчавка. На почетокот тоа беше навистина симпатично, но кога почна да глуми дека се венча со нејзинотот другарче од училиште, целата работа престана да биде невина и слатка.

„Никој не ми кажа колку ќе бидам разочаран кога ќе посака да се омажи за друг.“

Низ шега Брет се присетува како неговата мала девојка на почетокот глумела дека се венча со него. Но, кога неговото место го преземало нејзиното другарче, тато одеднаш се почувствувал „ирационално скршено“.

„Никој не ми кажа дека ќе уживам во пиењето фиктивен чај.“

И тоа не се однесува само на седенките со пиење фиктивен чај, туку и во лакирање на ноктите, чешлање на косата, во пресоблекувањето... Брет е свесен дека повеќето луѓе сметаат дека овие работи се смешни и глупави, но вели дека татковците на ќерки ќе разберат за што тој зборува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби