Совети кои живот значат

Во секојдневниот хаос и преокупираност со обврски, повремено е потребно да застанеме, да се освестиме и да се сетиме колку многу ги сакаме нашите деца. Доколку во последно време комуникацијата со вашата ќерка е сведена на прашањата дали ја завршила домашната задача, дали јадела и дали потоа ги измила садовите, ве потсетуваме на неколку работи кои таа треба да ги знае. Исто така, потсетете се и себе си колку таа ви значи и колку би сакале да и помогнете за она што ја очекува во животот.



Овие реченици секоја мајка би требало да и ги изговори на својата ќерка.

1. Никогаш немој да заборавиш дека твоето тело е убаво и здраво, баш такво какво што е.

2. Никогаш немој да престанеш да читаш книги.

3. Биди горда на твојата смисла за хумор.

4. Не мора секогаш да ги имаш најскапите и најубавите работи.

5. Твојата невиност е вредна. Чувај ја за оној кој заслужува.

6. Користи крема со заштитен фактор.

7. Пишувај дневник и никогаш немој да ги кинеш страниците од него. Години подоцна ќе ти биде многу драго кога ќе ги читаш.

8. Секогаш биди благодарна за она што го имаш.

9. Скромноста е доблест. Не мора секогаш да откриваш сè за да изгледаш секси.

10. Во ред е да се исклучиш од сè и да одвоиш време само за себе.



11. Смеј се и целиот свет ќе се смее со тебе. Сите сакаат весели луѓе.

12. Фотографирај го секој значаен момент во твојот живот.

13. Работата и трудот на крајот секогаш се исплатат.

14. Целта нека ти биде да завршиш факултет и потоа да имаш корист од тоа што си го завршила.

15. Немој да се споредуваш со другите.

16. Труди се да не бидеш брзоплета и секогаш согледувај ги последиците пред да го направиш следниот чекор.

17. И падовите, како и подемите, се составен дел од животот.

18. Ќе има момчиња кои ќе ти го скршат срцето, но ти ветувам дека со текот на времето ќе ги преболиш.

19. Сакај се себе си, барем онолку колку што ги сакаш твоите најблиски.

20. Јади повеќе овошје и зеленчук.

21. Омажи се за човекот кој сака деца.



22. Често миј ги рацете.

23. Немој да брзаш да почнеш да ставаш шминка на лицето. Има време за тоа.

24. Секогаш почитувај ги постарите. Биди учтива и покажи ги твоите убави манири.

25. Колку и да го сакаш човекот со кој ќе бидеш, никогаш не дозволувај да се изгубиш себе си во таа врска.

26. Никогаш не заборавај колку те сакаме јас и тато.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби