„Golden Drum“ и Македонски Телеком ги повикува младите креативци

Младите креативци од Македонија ќе добијат единствена шанса да ги покажат своите креативни моќи и да бидат дел од најголемиот адвертајзинг фестивал во регионот



Во пресрет на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот „Golden Drum“ (7-10 октомври, 2014 година Порторож, Словенија) со поддршка и партнерство на Македонски Телеком за првпат во Македонија се организира натпревар „Young Drummers“ на кој се покануваат сите млади креативци (родени после 10 Октомври 1984 година) да земат учество преку креирање постер-решение на тема: “Стоп за пишување на мобилен додека возите”.

Конкурост ќе биде отворен од 15 до 29 септември, а прогласувањето на победникот е предвидено да се случи на 1 октомври 2014 година.

Авторот на првонаградениот постер ќе добие платен авионски превоз до Порторож, хотелско сместување и целосна котизација за овој реномиран фестивал.

Како општествено одговорна компанија Македонски Телеком се почувствува засегната кога е во прашање темата безбедност во сообраќајот, која честопати знае да биде загрозена од несоодветното користење на мобилните уреди и сервисите кои ги нуди, па затоа преку овој натпревар целта е да се подигне свесноста, пред сè, кај помладата популација за опасностите кои демнат доколку се користат мобилните уреди додека се управува со воланот.

Употребата на мобилните телефони додека возиме е проблем кој се повеќе расте и претставува голема опасност. Според светските истражувања 23% од сообраќајните незгоди се поврзани со употреба на мобилен телефон. Кога пишувате, погледот од патот е пренасочен кон екранот просечно за 4,6 секунди, времето за реакција е 30% подолгo во споредба со брзината на реакција која ќе ви биде потребна доколку возите со интоксикација од 0,8 промили алкохол во крвта. Имајќи предвид дека мобилниот телефон е секогаш со нас неговата употреба во автомобилот станува нешто многу поопасно и од алкохолот.

Сите заинтересирани млади креативци кои сакаат да ги споделат своите идеи и креативни размислувања на зададената тема можат да добијат повеќе информации за правилата за учество во натпреварот на следниот линк http://www.goldendrum.com/competition/off-drum/don-t-type-drive-macedonia/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби